Прејди на содржината

Грделица (гратче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грделица (населба))
Грданица
Грделица
Грделица
Грделица
Грданица is located in Србија
Грданица
Грданица
Координати: 42°53′N 22°04′E / 42.883°N 22.067°E / 42.883; 22.067
ДржаваСрбија
Управен ОкругЈабланички
ГрадЛесковац
Надм. вис.&10000000000000363000000363 м
Население (2022)
 • Вкупно1,694
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број16220
Повикувачки број+381 16
ТабличкиLE

Грделица е градско населено место во градот Лесковац, Јабланички Управен Округ. Според пописот од 2022 година, местото имало 1.694 жители.[1]

Географија

[уреди | уреди извор]

До 1965 година, ова населено место е со статус на општина Општина Грделица која ја сочинувале населените места: Бистрица, Боќевица, Бојишина, Бричевље, Црвени Брег, Дедина Бара, Добротин, Доњи Буниброд, Горни Буниброд, Граово, Грделица (село), Грделица, Губеревац, Кораќевац, Ковачева Бара, Козаре, Крпејце, Личин Дол, Мала Грабовница, Мала Копашница, Мрковица, Несврта, Ново Село, Ораовица, Падеж, Палојце, Предејане Село, Предејане Варошица, Слатина, Сушевље, Тулово, Тупаловце, Велика Грабовница, Велика Копашница, Велика Сејаница, Виље Коло, Загужане, Зољево и Жижавица. По укинување на општината, подачјето на поранешната општина во потполност влегло во состав на општина Лесковац.

Надморска височина е 363 метри.

Назив и историја

[уреди | уреди извор]

Името Грделица најверојатно настанало од топонимот Град Јелица кој означува населба на ридот над денешното гратче. Остатоците на оваа тврдина се видливи до денес. Во состав на српската држава е од времето на Стефан Немања кој оваа област ја добил на управа од Византија. По долг период под турско владење, повторно влегува во состав на Србија по ослободувањето во 1877 година. Со заслуга на тогашниот народен пратеник Аранѓел Маринковиќ станува локален административен центар и седиште на општината.

Помеѓу двете светски војни, Грделица е центар на текстилната индуструха и земјоделието. Во 1965 година, Грделица го губи статусот на општина и се припојува кон Општината Лесковац. Од тогаш го губи значењето, и доживува економска и културна деградација.

Со систематско уништување на индустријата, денес Грделица е едно од најнеразвиените места во Србија.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во Грделица живеат 1820 пунолетни жители, а просечна старост на населението изнесува 37,3 година (36,5 кај мажите и 38,1 кај жените). Во населбата има 739 домаќинства, а просечен број на членови по домаќинство е 3,22.