Грб на Зрењанин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на општина Зрењанин
Подробно
Грбоносецопштина Зрењанин
Усвоен8 јули 2008
Мотонема
Претходни варијанти
Употребапоранешен грб на градот Зрењанини (1968-2008)

Грбот на градот Зрењанин во сегашен облик е усвоен на 8 јули 2008, а го претставува грбот кој бил во употреба од 1769, гога градот Велики Бекчерек добил статус на трговски град, па сè до 1944 година. Во периодот кога градот го носел името Велики Бекчерек (до 1935.) во употреба бил грбот на кој била претставено успението на Девица Марија. Овој грб го добил градот во 1769 година кога со указ на Марија Терезија е прогласен за трговски град, и со тој статус градот можел да добие свој грб и печат. Грбот бил присутен и на бројни мапи и градски карти, а се поставувал и на публикации. Званично можел да се користи до 1919 година, ама се користел до крајот на Втората светска војна, односно до тогаш кога градот се нарекувал Петровград (1935-1946).

Грбот е во облика на овален или кружен штит со сребрен раб, кој од двете страни е опкружен со злата боја, чијшто завршеток е во горниот дел. Над него зрачи небесна светлина. Блажена Девица Марија е во исправена положба опкружена е со херувими, и е поставена на облаци кои се распоредени во полукруг и го делат штитот на два дела. Грвата на Девица Марија е со ореол, пуштена коса која и паѓа на левото рамо, рацете поставени на градите за молитва, облечена во бело. Долниот дел од штитот како основа има под од црвена боја нареден со плочи. на средината на подот почива Девица Марија на отворено место, одарот е отворен а отстрана златни свеќници со свечи кои горат. Апостолите, кои од едната страна ги има три а од другата четири. Главите имсе со ореол, сите се со тажни лица, гестови кои изразуваат бол, и ја чуваат мајката на својот учител. Над грбот се гледа ѕидина на градот со пет кули во облик на круна, подлогата на грбот е сина, а ликовите на апостолите и Девицата се со сребренаста боја.

Од 1968 до 2008 градот Зрењанин имал амблем кој не ги исполнувал хералдичките стандарди и бил дело на вајаорт Стеван Дукиќ.

Литература[уреди | уреди извор]