Прејди на содржината

Грбовник Коренич-Неорич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Припишаниот (фиктивен) грб на цар Душан (в. 1331-1346) претставен во грбовникот. Штитот е поделен на девет дела, на кои се претставени грбовите на Македонија, Славонија, Босна, Бугарија, Далмација, Србија, Хрватска, Рашка, и "Примордија".

Грбовникот Коренич-Неорич е копија од 1595 година на загубениот оригинал на Грбовникот на Охмучевиќ (Ohmučevićev grbovnik) нарачан од Петар Охмучевиќ (починал во 1599), шпански адмирал со дубровничко потекло, некаде во периодот помеѓу 1584 и 1594. Тој е пример за најраниот ("интерконфесионален") облик на Илиризмот, кој ја формираше идеолошката основа за подоцнежниот подем на национализмот кај Јужните Словени.