Граѓанско учество

Од Википедија — слободната енциклопедија

Граѓанското учество е право на граѓаните директно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки за прашања кои ги засегаат. Во демократијата, тоа најчесто се остварува преку правота на глас, можноста за поднесување народна иницијатива или петиција до парламентот за предлог-закон или процедура за одреден закон.

Граѓанското учество е еден од клучните показатели за демократизацијата на една земја. Основната идеја е граѓаните да го подобрат својот живот нудејќи ги своите идеи на креаторите на политиките, односно учествувајќи во процесите на носење одлуки.[1]

Во политичката теорија, зголемениот степен на граѓанско учество води до развој на партиципативна демократија. Во бизнисот, овој термин се однесува на „правото на учество во носење на деловни одлуки на работното место“ претставени преку синдикатот. Најсовремена форма на граѓанско учество е таканаречената „е-демократија“, концепт на користење на комуникациските технологии како што е Интернетот за промовирање на учеството на граѓаните во демократските процеси.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Граѓанско учество - извештај - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС“. mcms.mk. Посетено на 2022-03-20.