Граматика на холандскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Оваа статија дава општ преглед на граматиката на холандскиот јазик. Холандскиот јазик како мајчин го говорат околу 25 милиони луѓе кои главно живеат во Холандија. Холандскиот јазик е западногермански јазик и како таков, има граматички сличности со останатите јазици кои припаѓаат на истата јазична фамилија.

Глаголски карактеристични белешки на јазикот се редоследот на зборови во зависно- и независносложените реченици, постоњето на слаби, силни и неправилни глаголи кои се конјугираат различно во имперфект.

Во холандскиот јазик постојат три рода кај именките. Определениот член de се користи за именки од машки и женски род, додека het се користи за именки од среден род. Покрај тоа, за именки се користат и негативниот член geen и неопределениот член ееn. Покрај тоа што поголемиот дел од падежите се изгубиле со текот на времето, четири од нив сè уште може да се сретнат.

Редослед на зборови и реченици[уреди | уреди извор]

На холандски јазик се применува правилото V2, така што прирокот е секогаш на второ место во прашалните независносложени реченици.[1]

Независносложени реченици[уреди | уреди извор]

За независносложените реченици (hoofdzinnen) важи редоследот подмет-прирок-предмет (холандски: SVO-volgorde)

подмет - прирок - индиректен предмет - прилошки определби за време и место - директен предмет - глаголски дел - неглаголски остаток .

На пример:

Pieter heeft Jasper gisteren in de tuin een appel gegeven. (превод:Питер вчера му даде на Јаспер јаболко во градината)

Сепак, друг редослед на зборови е исто така можен во прашални независносложени реченици, но прирокот исто така стои на второто место во реченицата. Со оглед на тоа, следниве зборовни редоследи се граматички точни:

Aan Jasper heeft Pieter gisteren in de tuin een appel gegeven (буквален превод: На Јаспер има Питер вчера во градината едно јаболко дадено)
Gisteren heeft Pieter Jasper in de tuin een appel gegeven (Вчера има Питер на Јаспер во градината едно јаболко дадено)
In de tuin heeft Pieter Jasper gisteren een appel gegeven (Во градината има Питер на Јаспер вчера едно јаболко дадено)
Pieter heeft gisteren in de tuin een appel aan Jasper gegeven (Питер има вчера во градината едно јаболко на Јаспер дадено)
Pieter heeft gisteren Jasper in de tuin een appel gegeven (Питер има вчера на Јаспер во градината едно јаболко дадено)

Во сите овие реченици, „Јаспер“ е индиректниот предмет (се познава по тоа што му претходи предлогот „на“ таканаречен опишан индиректен предмет).

Прирокот доаѓа пред предметот ако предметот не е на почетокот на реченицата. Ако на почетокот на реченицата стои реченичен член кој што не е подмет, тоа е со цел да се даде дополнителен акцент на овој реченичен член во реченицата.

Временската прилошка определба по можност секогаш им претходи на другите прилошки определби, како на пример тие за место:[2]

Hij woont al drie jaar (tijd) in Amsterdam (plaats)
Тој живее веќе три години (време) во Амстердам (место)

Зависносложени реченици[уреди | уреди извор]

Редоследот СОВ важи за зависносложените реченици (bijzinnen).

Во зависносложените реченици, основен редослед на зборовите е: сврзник - подмет - индиректен предмет - прилошки определби за време и место - директен предмет - прирок и глаголски дел - неглаголски остаток .

На пример:

(Ik weet) dat Kees Jan morgen in de stad een boek wil geven vanwege zijn verjaardag.
(Знам) дека Кејс на Јан сака да му подари книга во град утре за неговиот роденден.

Овој редослед, во кој прирокот му претходи на остатокот од вербалниот предикат (групата за вербална завршница), се нарекува и црвен редослед на глаголи. Покрај тоа, постои втора можност во зависносложените реченици, позната како зелен редослед на глаголи, каде глаголскиот ред е обратен:

(Ik weet) dat Kees Jan morgen in de stad een boek geven wil vanwege zijn verjaardag.
(Знам) дека Кејс на Јан утре во град една книга сака да му подари за неговиот роденден.

Прашална форма[уреди | уреди извор]

Кога реченицата е прашална, најчесто се случува инверзија, што значи дека подметот и прирокот ги менуваат своите места во реченицата:

Heeft Pieter Jasper gisteren in de tuin een appel gegeven? (Дали Питер на Јаспер вчера во градината му даде јаболко?)

Кога подметот е пред прирокот во прашална реченица, се подразбира контролно прашање:

Pieter heeft Jasper gisteren in de tuin een appel gegeven? (Питер вчера му даде на Јаспер јаболко во градината?)

Во втората форма, зголемената интонација на еден или повеќе од последните зборови е многу важна. Со ова му се дава до знаење на соговорникот дека станува збор за прашање, а не за даден факт.

Глаголи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Глаголи во холандскиот јазик.
Како и во останатите германски јазици, глаголите можат да се поделат на три групи врз основа на конјугацијата: силни (sterk), слаби (zwak) и неправилни (onregelmatig). [забелешка 1]

Слаби глаголи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Слаби глаголи.
Најголемиот број глаголи во холандскиот јазик спаѓа во групата слаби глаголи. Ова значи дека во импрефект ги добиваат наставките -de / -te, додека помошниот глагол завршува на -d или -t .
Поврзано: [[:'t Kofschip и Конјугација на глаголи во холандскиот јазик|'t Kofschip и Конјугација на глаголи во холандскиот јазик]]

Силни глаголи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Силни глаголи.
Постојат три групи на силни глаголи: инфинитив, имперфект и минат партицип .

Подолу е пример за конјугација на силниот глагол поврзува (binden): binden - bond - gebonden

ik (јас) bind bond heb gebonden bind ik?
jij (ти) bindt bond hebt gebonden bind jij?
hij (тој)

zij (таа)

u (Вие)

het (тоа)

bindt bond heeft gebonden bindt hij?
wij (ние)

jullie (вие)

zij (тие)

binden bonden hebben gebonden binden wij?

Силните глаголи во холандскиот јазик се конјугираат во сегашно време (tegenwoordige tijd) на ист начин како и слабите глаголи. Во имперфектот, само множинската форма ја добива наставката -en додека другите форми не добиваат никаква наставка.

Поврзано: Список на силни и неправилни глаголи во холандскиот јазик

Неправилни глаголи[уреди | уреди извор]

Најчестите неправилни глаголи се има (hebben), може (kunnen, mogen), сака (willen), сум (zijn) и ќе (zullen).

Поврзано: Конјугација на неправилни глаголи во холандскиот јазик

Именки[уреди | уреди извор]

Најкарактиристични промени кои се случуваат на именките се формите за множина и деминутивот.

Форма за множина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Множина во холандскиот јазик.

Именките кои завршуваат на самогласка по правило ја добиваат наставката -s во множина: agente – agentes (агент – агенти). Во случаи каде што може да се појави недвоумење за тоа како треба да се изговори множината, наставката -s се обележува со апостроф: radio – radio's (радио - радија). Именките кои што завршуваат на -ie или -ij и чиј акцент паѓа на последниот слог, ја добиваат наставката -en во множина: boerderij – boerderijen (фарма - фарми), categorie – categorieën (категорија - категории)

Именките кои завршуваат со акцентиран слог кој завршува на согласка, по правило ја добиваат наставката -en во множина: stoel – stoelen. Исто така постојат и исклучоци, како на пример зборот kok (готвач) чија множина е koks. Кај некои зборови исто така се случува промена на гласовите: lid – leden (член - членови), bad – baden (бања - бањи). Исто така постои и група на зборови за кои е карактеристична двојна множина, како на пример: kind – kinderen (дете - деца), rund – runderen (вол - волови).

Кај именките кои завршуваат на s се случува гласовна промена со која с се заменува во нејзиниот звучен пар z, во случаите каде што s е претходена од долга согласка: huis – huizen (куќа - куќи), kaas – kazen (сирење - сирења), roos – rozen (роза - рози). Во случаите каде што на s ѝ претходат кратки самогласки, се случува повторување: bus – bussen (автобус - автобуси), das – dassen (кравата - кравати). И кај ова правило сепак постојат исклучоци каде што има промена на гласот како што е glas – glazen (чаша - чаши).

Кога последниот слог на именката која завршува на согласка, содржи неакцентирано e, множината ја добива наставката -s: tafel – tafels (маса - маси), emmer – emmers (кофа - кофи). На сите овие правила постојат исклучоци кои што се претставени во статијата список на неправилна множина.

Диминутив[уреди | уреди извор]

Именките можат да се претворат во деминутив со користење на наставката -je на крајот на именката: klas – klasje (клас - класче). Во јужниот дел на холандското јазично подрачје, диминутивот на именките се образува со наставките -ke и -ken на крајот на зборот: glas – glaske(n) (чаша - чашиче). Кога именка завршува на самогласка или на една од согласките l, n и r и последниот слог се состои од самогласка или шва, диминутивот ја добива наставката -tje: radio – radiootje (радио - радивце), paal – paaltje (шипка - шипче), fietser – fietsertje (велосипедист - велосипедистче). Доколку се работи за збор кој што има слог со кратка самогласка, наставката се претвора во -etje: pal – palletje

Кога именка завршува на m на која и претходи долга самогласка, таа образува диминутив користејќи ја наставката -pje: raam – raampje (прозорец - прозорче). Кога дво- или повеќесложни именки завршуваат на ing, диминутивот ја добива наставката -kje при што g се менува: buiging – buiginkje (поклонување), но исклужоци се ding – dingetje (нешто) и verandering – veranderingetje (промена) slappeling – slappelingetje (слабак).

Исклучок: Кога последниот слог од именката завршува на l, m, n, ng of r и содржи кратка самогласка, диминутивот ја добива наставката -etje: lam – lammetje (јагне - јагненце), kar – karretje (кола - количе), gang – gangetje (ходник - ходниче).

Падежи[уреди | уреди извор]

Во постарите форми на холандскиот јазик, се користеле падежи. Моментално падежите постојат само во versteende taalvormen. Еден од падежите, саксонскиот генитив, сè уште се употребува често.

Членови[уреди | уреди извор]

Поврзано: Род во холандскиот јазик

Определени членови[уреди | уреди извор]

Холандскиот јазик познава два определени членови:

  • de, машки или женски
  • het, среден род (холандски: onzijdig). Во говорниот јазик често се изговара без акцент како 't.

Het се користи за зборови од среден род во еднина. При користење на множинската форма на зборот, се користи секогаш de. Примери:

  • de sleutel (клучот, машки род, еднина, се користи de)
  • de vakantie (одморот, женски еднина на холандски, се користи de)
  • het gebouw (зграда, среден род на холандски, се користи het)
  • de bomen (дрвјата, множина, се користи de)
  • de bossen (шумите, множина, се користи de, но во еднина се користи членот за род het: het bos)

Неопределен член[уреди | уреди извор]

Холандскиот јазик познава само еден неопределен член:

  • een, кој во говорниот јазик често се изговара како 'n.

Неопределениот член een се користи во холандскиот јазик само во еднина, а за да се изрази неопределена множина не се користи никаков член. Пример:

  • Daar staat een huis (Таму има куќа, неопределен член, значи се користи een)
  • Daar staan huizen (Таму има куќи, неопределена множина, не се користи член)

Во јужните дијалекти на холандскиот, има три неопределени членови:

  • ne или nen за неопределена машка еднина (ne man - маж)
  • een за неопределена женска еднина (een vrouw - жена)
  • e за неопределен среден род (e kind - дете)

Негациски член[уреди | уреди извор]

Негацискиот член geen појаснува дека има недостаток на нешто или дека има негирање за нешто:

  • We hebben geen kaas meer (Немаме веќе сирење, се појаснува недостатокот на сирење)
  • Dat is geen goede grap (Тоа не е убава шега)

Членови за инфлекција[уреди | уреди извор]

Холандскиот јазик познава и инфлективни членови кои се препознаваат по четирите традиционални падежни. Присвојните заменки (mijn, jouw, zijn, haar, ons, uw, jullie и hun односно мое, тво, негово, нејзино, наше, Ваше, ваше и нивно) и негирачкиот член geen се конјугирани како неопределениот член een, на пример: Dat is zijns inziens een slecht idee (eens inziens). In het meervoud bestaat er geen onbepaald lidwoord in het Nederlands, daarom is in het schema het woord geen gebruikt.

lidwoorden[3]
еднина множина
машки женски среден сите родови
определен неопределен определен неопределен определен неопределен определен неопределен негирачки
номинатив de een de een (ene) het een de geen (gene)
генитив des eens der ener des eens der gener
датив de (den) een (enen) de (der) een (ener) het (den) een (enen) de (den) geen (genen)
акузатив de (den) een (enen) de een (ene) het een de geen (gene)

Инфлектираните членови (ene, eens, ener, enen; des, der, den) се користат ретко и поради тоа се претставени меѓу загради во табелата наведена погора. Од 80-те години, е на пример commissaris van de Koning(in) (комесар на Кралот) почесто користен од commissaris der Koningin или des Konings. Во некои изрази, ваквите форми ја имаат задржано структурата како на пример во procureur des Konings или во други дадени фрази:

Член на присвојните придавки[уреди | уреди извор]

Кај одреден број на присвојни придавки кои можат да се користат самостојна, меѓу кои mijne, jouwe, zijne, hare, onze и hunne (мојот, твојот, неговиот, нејзиниот, нашиот и нивниот), може исто така да се користат членови.

  • Dat huis is het mijne. (Таа куќа е мојата)
  • Mijn zus is groter dan de jouwe (Мојата сестра е поголема од твојата).

Други правила[уреди | уреди извор]

  • Некои именки може да имаат одредена наставка која го одредува нивниот род.
  • При зборообразувањето, секогаш се користи членот на коренскиот збор. Тоа е најчесто втората именка која ја сочинува новообразуваната збороформаM. На пример: de krant (новина) + het artikel (статија) → het krantenartikel (новинска статија); het boek (книга) + de kaft (корица) → de boekenkaft (корица на книга).

Придавки[уреди | уреди извор]

Придавките во холандскиот јазик може да се поделат на следните поткатегории:

Материјални придавки
-en
gouden ring (златен прстен) — houten tafel (дрвена маса)
Освен предикативни придавки
Dit is goud (ова е златно) — Dat is hout (тоа е дрвено)
атрибутив
со наставката -e
Het groene handvat (зелената рачка) — De intelligente vrouw (интелигентната жена) — De lange man (високиот маж)
Een intelligente vrouw (интелигентна жена) — Een lange man (висок маж)
Исклучоци се некои придавки кои одат со именки во среден род без член или со неопределен член:
Een groen handvat (зелена рачка) — Klein kind is spoorloos verdwenen (малечко дете изгубено без трага)
предикатив
без наставка
Een handvat is groen (една рачка е зелена) — Een vrouw is intelligent (една жена е интелигентна) — Een man is lang (еден маж е висок)
Идиоми
Во одреден број изрази кои имаат традиционално потекло се преостанати падежни форми.[забелешка 2]:
met voorbedachten rade (предмислено) — in levenden lijve (лично, во живо)

Инфлекција[уреди | уреди извор]

Придавките главно ја добиваат наставката -e кога се наоѓаат пред именката во определена форма:

De lekkere maaltijd (вкусниот оброк).

Постојат повеќе случаи каде што придавката не ја носи оваа наставка:

1. Кога подмеѕот е во среден род, еднина, придавката не добива наставка во својата неопределена форма:

Een mooi meisje (убаво девојче)

Во определената форма, придавката ја добива наставката -e: Het mooie meisje (убавото девојче)

2. Кога придавката прикажува материјал тогаш ја добива наставката -en:

De houten stoel (дрвеното столче)

3. Кога придавката е неразделен дел од зборовна група со именката, не добива -e. На пример:

Het openbaar vervoer (јавен превоз)
Het lijdend voorwerp (директен предмет)

4. Во некои случаи, помеѓу неопределениот член и именката се користи придавка без наставката -e. Во тој случај, се нагласува некоја извонредна карактеристика:

Een groot man (голем маж)
Een talentvol schrijver (талентиран писател)

Степенување[уреди | уреди извор]

Придавката може да добие три форми со кои се прикажува нејзината силност односно степен. Овие степени на придавката се образуваат со додавање на наставките -er и -st кон придавката. Придавките кои завршуваат на -r, во степенуваниѕе формк добиваат -d- (на пример raar – raarder (чуден - почуден), ver – verder (далечен - подалечен)).

Примери:

groot – groter – grootst (голем, поголем, најголем)
belangrijk – belangrijker – belangrijkst (битен - побитен - најбитен)
oud – ouder – oudst (стар - постар - најстар)

Некои придавки имаат неправилни форми на степенување, и најчести од нив се:

goed – beter – best (добар - подобар - најдобар)
veel – meer – meest (многу - повеќе - најмногу)
weinig – minder – minst (малку - помалку - најмалку)
graag – liever – liefst (нема буквален превод)

Зборовите кои претставуваат комбинација од прилог и придавка, се поделуваат при образувањето на степенот. Во такви случаи, само прилогот се појавува во суперлативен степен:

dichtbevolkt (густо населен) – dichter bevolkt (погусто населен) – dichtst bevolkt (најгусто населен)

Со зборови кои веќе означуваат некоја финална карактеристика не може да се образуваат степени на споредба. Со други зборови, нема градација на термини кои што сами посебе формираат дихотомија, што е случајот кога се работи за карактеристика која одредена именка или ја има или ја нема и не постојат нијанси. Ваков пример е "бременост" (холандски: zwangerschap) во кој случај некој не може да биде во меѓусостојба.

Сепак постојат и случаи кај слични зборови каде што може да се формираат степено на споредба. На пример de meer/meest ideale („поидеален и најидеален“) или minder ideaal („помалку идеален“), и покрај тоа што ideale е веќе највисокиот степен на придавката. Друг пример е heel uniek (многу уникатен) поради тоа што ако некоја именка е уникатна, постои само една форма од неа.

Употреба на dan и als[уреди | уреди извор]

Во стандардниот холандски јазик, споредбата со придавки се прави со користење на 'dan' или 'als'. Кога се користи придавка за да се истакне сличност помеѓу именките, се употребува 'als', а кога се користи споредба се употребува 'dan'. Примери:

  • Thomas is groter dan Maxime (Томас е поголем од Максим, 'groter' претставува компаратив);
  • Marjan is kleiner dan Dieter (Марјан е помал од Дитер, 'kleiner' е компаратив);
  • Hans is twee keer ouder dan Gerard (Ханс е двапати постар од Жерард, 'ouder' е компаратив).
  • Kim is even vrolijk als Els (Ким е исто толку среќна колку Елс, 'vrolijk' се користи за сличност меѓу именките);
  • Willem is net zo goed als Chiel in aardrijkskunde (Вилем е исто толку добар како Хил во географија, 'goed' се користи за сличност меѓу именките).

Во некои случаи во кои постои нееднаквост помеѓу придавките, може да се искористи 'als' и покрај тоа што се нагласуваат разлики при споредбата. Примери:

  • Sneeuwwitje is duizendmaal zo mooi als de boze heks (Снежана е илјадапати поубава од лутата вештерка, 'mooi' се користи за споредба помеѓу именките);
  • Piet is twee keer zo oud als Jan (Пит е двапати постар од Јан, 'oud' се користи за споредба помеѓу именките).
  • Hendrik is niet zo goed als Randolf in wiskunde (Хендрик не е толку добар како Рандолф во наука, 'goed' се користи за споредба помеѓу именките).

Во некои региони и дијалекти, се користи als во двата случаи: "Hij is groter als ik" (тој е поголем од мене). Во стандардниот холандски јазик, оваа употреба се смета за неправилна.

Употреба на meer и meest[уреди | уреди извор]

Поврзано: Англиска болест (лингвистика)

Во некои случаи се користат зборовите meer (повеќе) и meest (најмногу) за да се прикажат компаративот и суперлативот. :

  • Ze zijn meer bereid tot extra financiële steun dan tot een wijziging van het beleid. (Тие се повеќе подготвени на дополнителна финансиска поддршка отколку на промена на полисата )

Исто така се користат и кај партиципот кога тој е искористен во форма на придавка:

  • Zij is de meest verdorven persoon die ik ooit ontmoet heb. (Таа е најлошата личност која ја имам некогаш сретнато)

Во холандскиот јазик, вообичаено се дава предност на придавките кои што не се конструирани од два збора. Кај мајчините говорители на холандскиот се забележува трендот, пред сè во зборувањето, да се користат англиските правила: meest bekende (најмногу познат) наместо bekendste (најпознат). Употребата на изрази како de tweede grootste (вториот најголем) наместо постарата почеста форма de op een na grootste (вториот најголем) исто така покажува на овој феномен. Оваа употреба исто така се проширува и во конструкции коишто не се употребуваат во англиски, како meest goede (најмногу добар) наместо beste (најдобар).

Формирање на именки[уреди | уреди извор]

Формирањето на именки се образува најчесто со додавање на наставката -e (de grootte, големина, доаѓа од groot - голем), или некои наставки како -heid, -te и -nis.

Заменки[уреди | уреди извор]

Лични заменки[уреди | уреди извор]

Во холандскиот јазик, формата на личните заменки зависи од перспективата на говорителот, бројот и во третата форма, исто така од родот. Во второ лице, постои и посебна заменка за формално обраќање (односно персирање). Речиси сите форми можат да се појават во скратена форма, односно во неакцентирана форма која што е поблиску до говорниот јазик. Во доленаведената табела, скратената форма е прикажана во загради.

подметна форма
предметна форма
генитив
(архаично)
забелешки
Прво лице еднина ik ('k †) mij (me) mijner
множина wij (we) ons onzer Во дијалекти, исто така се користат формите wullie и ons како подмет.
второ лице еднина jij (je)
u
gij (ge)
jou (je)
u
u
uwer U е формална заменка (се користи за персирање), која во минатото често се пишувала со голема прва буква, или како предметна форма на gij. Gij моментално важи во стандардниот холандски за застарена форма, но во брабантски, фламански и различни други дијалекти, е нормалната форма за второ лице. Погл. и: персирање.
множина jullie (je)
u
gij (ge)gijlieden††††
jullie (je)
u
u, ulieden††††
uwer Во некои дијалекти, се користи и формата gullie за подмет и ullie за предмет.
трето лице еднина hij (ie †, die †)
zij (ze)
het ('t)
hem ('m)
haar ('r †, d'r †, ze ††)
het ('t) †††
er
er
er
машки
женски
среден род
множина zij (ze) hen (директен предмет и форма која се користи после предлози), hun (индиректен предмет), или за двете претходно споменати форми ze

(за повеќе видете разликување меѓу hen/hun)

er Во делови на Холандија, се користи hun како подметна форма.

Во дијалектни зборови, се користат и формите hun и zullie како подметни форми.

Во постар холандски, формата haar исто така се користела како множинска форма за да се прикаже група жени (наместо hun/hen/ze).

† најчесто не се користи во пишувана форма
†† фламански
††† не се користи после предлог
†††† застарена форма

Множина[уреди | уреди извор]

Формата во прво лице еднина ik го покажува говорителот. Значењето на множинската форма во прво лице wij е: јас и еден или повеќе други личности. Другите личности може исто така да се тие кон кои се обраќа со формата, но исто така може да не се присутни, што зависи од дадената ситуација.

Wij може да значи:

  • јас и ти
  • јас и вие
  • јас и еден или повеќе други личности

Второ лице jij или u покажува кон личноста кон која се зборува. Множинската форма jullie може да се однесува кон личноста кон која се обраќа и тоа претставува точна множина. Исто така може да се однесува кон други личности кои не се физички присутни, но тоа зависи од дадената ситуација.

Jullie може да значи:

  • ти (1) и ти (2)
  • ти и еден или повеќе други

Присвојни заменки[уреди | уреди извор]

Формата на присвојната заменка зависи од лицето и бројот. Речиси сите форми имаат скратена форма покрај стандардната форма, односно форма која што е поблиску до говорниот јазик. Скратената форма е прикажана помеѓу загради.

Прво лице еднина
  • mijn (m'n) (мое)
    • me се користи во некои говорни дијалектни форми.
  • de/het mijne (моето)
Второ лице еднина
  • je или jouw (втората форма се користи кога е потребно нагласување)
  • uw:
  1. uw е формата за персирање. Uw се користи со голема прва буква само во религиозни текстови и молитви, кога се врши обраќање кон Бог или Исус.
  2. Во Фландрија, во говорниот јазик обичната присвојна заменка за второто лице е: присвојната форма ge / gij (која што се совпаѓа со формата за u).
  • de/het jouwe (твоето)
  • de/het uwe (вашето)
Трето лице еднина
  • zijn (z'n, ze) (нивно)
    • Формата која се користи во машки и среден род. Ze се користи начесто во говорниот јазик.
  • haar ('r, d'r)
    • Формата за женски род. Во архаичен холандски, се користи формата heur.
  • de/het zijne
  • de/het hare
Прво лице множина
  • ons, onze (наше)
    • Користењето на ons и onze зависи од придружната именка:
      • ons huis (наша куќа; именка во среден род)
      • onze kat (наша мачка; именка во женски или машки род)
  • de/het onze (нашето)
второ лице множина
  • jullie (ваше)
  • uw (Ваше)
    • uw е формата за персирање. Се пишува со голема буква најчесто за да се прикажат обраќања кон религиозни битија, (Господ, Исус итн.). Во сите други случаи, оваа форма се пишува со мала буква. Правописот во кој што се користи голема прва буква (U, Uw итн.) е застарен.
  • не постои самостојна форма на jullie туку се користи: die van jullie (вашето)
  • de/het uwe (Вашето, форма за персирање)
трето лице множина
  • hun ('r, d'r) (нивно)
    • Во архаичен холандски, се користи haar (или heur) како формата за женски род.
  • de/het hunne (нивното)

Взаемни заменки[уреди | уреди извор]

Холандскиот јазик познава четири взаемни заменки: elkaar, elkander, mekaar и mekander (кои можат да се преведат како еден со друг). Овие форми го имаат практично истото значење во практика, но нивното значење исто така зависи од регистарот којшто се користи. Во стандардниот јазик, elkaar е формата која се користи најчесто:

  • Ze geven elkaar de schuld (Се обвинуваат еден со друг).

Формата mekaar е понеформална, elkander и mekander припаѓаат на повисок/политературен стил.

Односни заменки[уреди | уреди извор]

Прикажување на именски зборовни групи[уреди | уреди извор]

За да се прикаже кон именските зборовни групи, се користат односните заменки die (кој), dat (што), wat (што) и wie (кој).

  • Формата die се користи за да се прикаже именска зборовна група во множина или именска група која што е во среден род:
Zij kent een paar mensen die nog nooit buiten hun provincie zijn geweest. (Таа познава неколку луѓе кои уште никогаш немаат патувано надвор од нивната провинција)
Waar is de cd die je voor je verjaardag hebt gekregen? (Каде е цд-то коешто го доби за твојот роденден)

Поточно: wie е индиректниот предмет во зависносложената реченица и прикажува личности. Не се употребува толку често во денешно време: во овие случаи често се користи die или aan wie:

De rechters wie de vraag was voorgelegd, spraken zich duidelijk uit. (Судиите на кои им беше поставено прашањето, се изјаснија)
  • Формата dat прикажува именска зборовна група во среден род:
Daar ligt het boek dat ik aan Marie wilde geven. (Таму е книгата која сакав да ѝ ја дадам на Мари)
Zij is een meisje dat weet wat er in de wereld te koop is. (Таа е девојче кое знае што треба да се купува во светот)

Формата dat често се заменува со wat (het boek wat ... - книгата што). Оваа употреба не е препорачана од јазичарите. Формата dat претходена од човечка форма се користи кај сè поголем број на говорители, претежно луѓе кои сè уште го изучуваат холандскиот јазик и кои ја мешаат формата со die (een meisje die ...). Комбинацијата од односната заменка dat и предлог се заменува со заменски прилог и waar како прилог:

'Daar ligt het boek waarmee ik Marie wilde verrassen. (Таму е книгата со којашто сакав да ја изненадам Мари) (и не се користи: ... *met wat ik Marie wilde verrassen.)
  • Формата wie се користи кога таа е претходена од биолошка личност и се користи после сврзник:
Daar komt de vrouw met wie ik heb gesproken. (Таму доаѓа жената со која што зборував)

Исто така комбинацијата од заменски прилог и wie со сврзник може да се замени со заменски прилог и waar како прво член, но јазичарите препорачуваат оваа форма да се образува со wie. Односно се препорачува да не се користи: ... waarmee ik heb gesproken.

Други, поретко употребувани форми се:

  • (de)welke и (het)welk:
Vraag maar niet naar de zaken welke wij hebben besproken. (Не прашувај за работите за коишто зборувавме)
Alles verbleekt bij het genoegen hetwelk ik smaak bij de aanblik van haar gelaat. (Сè избледува од задоволствата кои ги вкусувам кога го гледам нејзиното лице)

Антецедент[уреди | уреди извор]

Со антецедент кој не е експлицитно именуван, најчесто се употребуваат зборовите wie (за личности), wat en hetgeen (во други случаи):

Wie daar woont, moet wel gelukkig zijn. (Кој таму живее мора да е среќен)
Ze vertelde me wat (=het ding dat) ze in de vakantie ging doen. (Таа ми кажа што ќе прави за време на одморот)
Ze vertelde me hetgeen ze in de vakantie ging doen. (Таа ми кажа што направила за време на одморот)
Формата wat

Јазичарите препорачуваат да се употребува односната заменка wat (што) само во следните ситуации:

  • Кога антецедентот е придавка која што е употребена како именка (на пример суперлатив).
Het leukste wat ik ooit heb meegemaakt was mijn geboorte. (Најубавото што го имам искусено е моето раѓање)
  • Антецедентот е синтагма.
Ze vertelde dat ze ging scheiden, wat ons zeer choqueerde. (Таа кажа дека ќе се разделува, што нас не шокираше многу)
  • Антецедентот е еден од неопределените заменки al(les) (сè), iets (нешто) en niets (ништо) (тука исто така може да се употреби и dat како придавка).
Alles wat ik doe mislukt! (Сè што правам не чини)
Is er iets wat ik voor je kan doen? (Дали има нешто што можам да направам за тебе)
  • Антецедентот исто така е и придавка.
Hij gaf precies dat wat ik wilde hebben. (Тој го даде баш тоа кое што сакав да го имам)
Форми на вториот падеж

Односните заменки wiens (чиј), wier (чиј), welks en welker (чии) се генитивни форми, односно форми на вториот падеж. Во денешно време се употребуваат поретко отколку во минатотото и употребата е ограничена пред сè во пишаниот јазик. Синоними на ваквите форми се конструкциите van wie (којшто) en waarvan (чијшто).

  • Wiens и welks прикажуваат еднински зборовни групи од машки и среден род. Welks може да се употребува само кога антецедентот не е личност.
De man wiens auto ik iedere zondag waste, bleek een misdadiger te zijn. (Мажот чиј автомобил го миев секоја недела, испадна криминалец)
Оваа изјава предизвика видлива возбуденост во советот, чиј претседател исто така изгледаше потресено.[4]

Формата wiens се употребува сè почесто за да прикаже именки во множина и женски род. Оваа употреба не е генерално прифатена.

  • Wier и welker се употребуваат во случаи каде што антецедентот е во множина или во еднина, но во женски род. Welker може да се употреби само во случаи каде што антецедентот не е личност.
De vrouw wier man vorig jaar overleed, is niet van plan te hertrouwen. (Жената чиј маж почина минатата година не планира да се премажува)
De mannen/vrouwen wier visa ontbraken, werden uit de bus gehaald. (Мажите/жените чии визи истекоа, беа изнесени надвор од автобусот)

Wier исто така се користи за зборовни групи кои не се од женски род и прикажуваат кон личност со биолошки женски род:

De redactie sprak met een meisje wier vriend in de gevangenis zat. (Редакцијата зборуваше со девојче чиј пријател беше во затвор)

Неопределени заменки[уреди | уреди извор]

Самостојна употреба

Самостојно употребената неопределена заменка се користи разделено од останатите заменки, односно не може да се користи како придавка. :

  • Iedereen gaat naar huis. (Секој оди дома)

Примери на останати неопределени заменки кои може да се користат самостојно:

alleman (секој), alles (сè), iemands (сечиј), iets (нешто), het beste (најдоброто)
Несамостојна употреба

Несамостојна (но придавска форма) неопределена заменка кажува за друг главен збор, и често стои веднаш до неа:

  • Iedere deelnemer gaat naar huis. (Секој учесник оди дома)

Примери на други несамостојни неопределени заменки

alle (сите), elk(e) (секој), ieder(e) (секој), deze of gene (ова или тоа), de een of ander (еден или друг)
Збирни (collectiverend) и незбирни

Со збирни заменки, се подразбире дека неопределената заменка посочува кон одредена група:

  • Wij gingen allen/allemaal naar huis. (Сите отидовме дома)

Други неопределени заменки кои може да се користат како збирни

ieder(e), elk(e), alle(n)

Доколку таква неопределена заменка прикажува некоја личност која не е именувана во истата реченица, се додава наставката -n. Во други случаи (односно кога антецедентот е во истата реченица) се користи следната наставка:

  • Buiten spelen enkele kinderen. (Надвор играат неколку деца)
  • Alle kinderen moeten naar school. Wel zijn er altijd enkelen die spijbelen. (Сите деца мора да одат на училиште. Сепак, секогаш има некои кои бегаат од часови.)
  • Geldt dat in alle gevallen? Nee, slechts in enkele. (Дали тоа важи во сите случаи? Не само во некои)

Покрај овие, постојат и незбирни неопределени заменки:

  • Iemand' wil ons iets vertellen (Некој сака да ни каже нешто)

Примери на други неопределени и незбирни заменки:

de een of (de) ander(e) (едниот или другиот), deze of gene (ова или тоа), iemand (некој), iets (нешто)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jan Koster, ‘Dutch as an SOV Language.’ In: Linguistic analysis 1 (1975), p. 111-136, op dbnl.org
  2. Woordvolgorde, braint.nl
  3. H. Coppé: Nederlandsche spraakkunst in drie leergangen voor de middelbare scholen, colleges, athenea en normaalscholen, Brugge 1920, achtste druk, p. 14 en 15.
  4. Zandvoortse Courant, januari 1967

Белешки[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „забелешка“, но нема соодветна ознака <references group="забелешка"/>.