Граешнички манастир
Изглед
Поглед на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Св. Теодор Тирон“ - Граешница |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 1926 |
| Посветен на | Свети Теодор Тирон |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | „Св. Теодор Тирон“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | село Граешница, Општина Битола, |
| Координати | 40°54′35″N 21°19′28″E / 40.90972°N 21.32444°E |
| Видливи остатоци | 1 црква, камбанарија, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Бистричка парохија) |
Граешнички манастир — манастир во близина на битолското село Граешница.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа 2 километри северозападно над селото, во месноста Присој.[2]
До манастирот води земјен пат, кој започнува од сретселото на Граешница.
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил подигнат во 1926 година.[2]
Истиот во поново време бил обновен од страна на иселениците од Австралија и Канада, како и семејството Митревски. Исто така, по 2022 година повторно е започнато одбележувањето на манастирската слава со пригодна богослужба.[3]
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Манастирот е составен од црквата „Св. Теодор Тирон“, камбанарија и помошни објекти.
Црква „Св. Теодор Тирон“
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1926 година.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Објект во манастирот
- Трпезаријата
- Објект во манастирот
- Објект во манастирот
- Чешма
- Знамето од Кутлеш во дворот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 204-206. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „По еден век пауза се одбележа Св. Теодор Тирон во истоимениот манастир над село Граешница-Битолско (фото) - Bitola News“. 2022-03-02. Архивирано од изворникот на 2025-02-24. Посетено на 2024-08-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Граешнички манастир на Ризницата ?