Град (река)

Координати: 40°43′22″N 21°47′23″E / 40.7228° СГШ; 21.7896° ИГД / 40.7228; 21.7896
Од Википедија — слободната енциклопедија
Град
Γραμματικό Ρέμα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајЕгејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоКаракамен
 • координати40°40′06″N 21°56′20″E / 40.6683° СГШ; 21.9390° ИГД / 40.6683; 21.9390
Устие 
 • место
Островско Езеро кај Уклемеш
 • координати
40°43′22″N 21°47′23″E / 40.7228° СГШ; 21.7896° ИГД / 40.7228; 21.7896
Особености на сливот
Град (река) во рамките на Еордеја (општина)
извор
утока

Град или Граматиковска Река (грчки: Γραμματικό Ρέμα) — река во Егејска Македонија, притока на Островското Езеро.[1]

Реката се образува во северозападниот дел на планината Каракамен во Негушко од мноштво потоци кои извираат северно под врвот Ликоскала. Тече првично на север, а кога ќе мине западно од воденското село Горно Граматиково свртува на запад јужно под црвот Варџар (1.096 м) и излегува од планината кај Долно Граматиково. Проаѓа низ селото (од кое го добива другото име) и тече на југозапад. Во месноста Карагача во Кајларско свртува на запад и минува низ клисура меѓу возвишенијата Курбан на север (835 м) и Град на југ, на кое е сместена истоимената тврдина Град. Во клисурата реката ја прима големата лева притока Стримнитка[1] и тука на неа има два стари моста — Гелин мост под Град и подолниот Сандре-мост.[2][3] Откако ќе излезе од клисурата северно од Катраница (Пирги) реката завива на северозапад и по мала клисура пролом се влева во Островското Езеро северно од леринското село Уклемеш.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. „Πύργοι“. Χάρτης της Ελλάδος. Архивирано од изворникот на 2003-11-26. Посетено на 2 јануари 2015.
  3. „Φωτογραφίες από τους Πύργους Κοζάνης“. Το περιπλανόμενο τουατάρα. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 2 јануари 2015.