Градски стадион Тетово

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Градски стадион (Тетово))
Фудбалски Стадион Тетово
Место Тетово, Македонија
Изграден 1980
Отворен 26 јули 1981
Сопственик Општина Тетово
Оператор Еколог Интернешнл
Подлога Трева
Игра ФК Шкендија
(1992-во тек)
Гледачи 15.000

Стадион Тетово во Тетово е повеќенаменски стадион во Тетово, Република Македонија. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари. Има сместивост од 15.000 гледачи.

Историја[уреди | уреди извор]

Стадионот е отворен во 1981 година и до 2016 година се викал Градски Стадион Тетово.

Во март 2015 година, бил потпишан договор помеѓу ФФМ и Општината Тетово за реконструкција на стадионот како дел од проектот на УЕФА, „Хет-трик 4“.[1][2] Подновувањето на стадионот започнало во април 2015 година.[3][4]

Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го зедоа Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзаа да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Теренот е преименуван во Еколог Арена под договорот за концесија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]