Градоначалник на Град Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Градоначалник на Скопје)
Прејди на: содржини, барај

Градоначалникот на Град Скопје го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје. Моментален градоначалник на Град Скопје е Коце Трајановски.

Надлежностите на градоначалникот се следниве:

  • ги прогласува актите на Советот и ги објавува во „Службен весник на Град Скопје“;
  • се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
  • се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
  • му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
  • раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
  • управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
  • именува и разрешува главен архитект;
  • му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
  • именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
  • донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;

врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.

  • Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

Извори и надворешни врски[уреди | уреди извор]