Градиште (Теранци)
Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Теранци. Наоѓалиштето претставува градиште од Доцната антика. На 5 км источно од селото, во планинскиот предел на Плачковица се издига висок рид со зарамнето плато со димензии од 120 × 90м, на кое има остатоци од темели на бедем. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 182. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |