Градиште (Спанчево)
Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Спанчево. Наоѓалиштето претставува збег од доцноантичко време. Лежи североисточно од Петков Дол, на мала височинка меѓу коритата на реките Киселица и Бањска Река. На површината има фрагменти од керамички садови и питоси, а исто така и тули со римска форма.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 182. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |