Градиште (Кучичино)
Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Кучичино. Наоѓалиштето претставува градиште од Доцната антика. На 3 км јужно од селото се издига висок рид со доминантна местоположба. На врвот има зарамнет простор со димензии од 100 × 70 м, ограден со остатоци од бедем зачуван во темелите, граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се гледаат траги од неколку помали објекти, како и множество фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 177. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |