Градиште (Барово)
Градиште — археолошко наоѓалиште виско над скопското село Барово, Општина Сопиште. Претставува градиште од доцноантичкото време.
Опис[уреди | уреди извор]
На 2 км северно од селото се издига највисокиот врв на западниот крај на Водно, наречен Кале[1]. Малото карпесто плато на врвот со доминантна местоположба има димензии од 110 × 110 м и на него се гледаат остатоци од одбранбен ѕид граден од камен и варов малтер. По површината се гледаат темели од повеќе градби за живеење и темели од старохристијанска базилика, остатоци од цистерна за вода, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопско
- Барово — осамени наоди од римско време;
- Св. Атанасија — некропола од римско време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кале (8426741) — GeoNames
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 365. ISBN 9989-649-28-6.