Градишта (Кономлади)

Координати: 40°39′47″N 21°13′06″E / 40.6630° СГШ; 21.2183° ИГД / 40.6630; 21.2183
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градишта
Γραδίστα
Карта
МестоКономлади, Костурско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°39′47″N 21°13′06″E / 40.6630° СГШ; 21.2183° ИГД / 40.6630; 21.2183
Видтврдина
Историја
Раздобјесреден век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини

Градишта или членувано Градиштата (грчки: Γκραντίστατα, Γκραντίστατα) — средновековна тврдина кај селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Остатоците од тврдината се наоѓаат во западниот дел на планината Вич, на 4 км западно од селото Кономлади, над месноста Свети Ѓорѓи по патот за Брезница.[1][2] Тврдината го чувала патот низ Кономлади за Лерин, како и тој по течението на Рулска Река од Костур за Горица (денешна Албанија).[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Утврдената населба била важен рударски центар на областа Орестида, и на многу места се гледаат остатоци од преработка на железна руда.[1]

Археологот Николаос Муцопулос го запишал месното предане во Кономлади за златната плоча на тој замок, изгубеното богатство, скриено по опсада, кое ќе биде откриено на местото осветлено од првиот сончев зрак. Според податоци на Муцопулос запишани во Кономлади, жителите на селото се преселиле на местото на денешно Кономлади по доживеаната несреќа во средновековната или античка населба во тврдината Градишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Μπαλασάς, Αθανάσιος Κ (2015). „Ιστορικά Στοιχεία, αρχιτεκτονικός πλούτος και μια πρόταση αναβίωσης της περιοχής των Κορεστείων Καστοριάς“ (PDF). Βαλκανικά σύμμεικτα (грчки) (17): 219.
  2. 2,0 2,1 „Τυρρηνοί: Κάστρα φρούρια και ακροπόλεις της Π.Ε. Καστοριάς (του Σταύρου Π. Καπλάνογλου)“. OlaDeka. Посетено на 7 март 2022.