Грабливи риби
Изглед

Грабливите риби се хипермесојадни риби кои се познати по активното ловење на други риби или водни животни. Како пример за грабливи (предаторски) риби можат да се кажат ајкулата, баракуда, туна, костреш и лосос. Некои сештојадни риби, како што е случајот со Pygocentrus nattereri, повремено можат да бидат и предаторски и покрај тоа што не се сметаат за строго предаторски риби.
Популациите на големи предаторски риби во 2003 година биле само 10% од бројката пред инустријализацијата и најмногу се изложени на ризик од истребување.
Предаторските риби се менуваат помеѓу видовите плен како одговор на варијациите во нивното изобилство. Предаторските риби можат да станат штетници доколку се внесат во некој екосистем во улога на главен грабливец.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Грабливи риби на AquaticCommunity.com
- Експертите велат дека бројот на предаторски риби во океаните е во алармантен пад, Вашингтон пост, 21 февруари 2011 година.