Го пратиле дедо в' планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Го пратиле дедо в' планина“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:50 (Октет Македонија)
01:38 (Танец)

Го пратиле дедо в' планинамакедонска народна песна. Песната е посветена на некојси „лош“ дедо кој во песната го праќале на места со некакви си намери, но тој успевал да се враќа со други исходи. Песната има општествен карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Го пратиле дедо во планина,
мечките да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со мечиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на дрва,
волците да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со волчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на бања,
жените да го истријат,
жените да го избањат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со женчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го кај иде,
лош дедо, лош дедо,
бреј, бреј, бреј.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]