Гоце Меѓуречки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Gotse Mezhdurechki IMARO.JPG
Роден 1877
Меѓурек, Кукушко, Егејска Македонија
Починал 18 април 1941
Горна Џумаја, Бугарија

Георги Толев, познат како Гоце Меѓуречки ( 1877, Меѓурек, Кукушко, Егејска Македонија - 18 април 1941, Горна Џумаја, Бугарија) — македонски револуционер, кукушки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација и ВМРО (Автономистичка).[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Гоце Толев е роден во кукушкото село Меѓурек, денес Мелисургио, Грција во 1877[2] или 1877 година.[3] Се занимавал со трговија[4]. Во редовите на ВМОРО бил внесен од страна на Христо Чернопеев по 1901 година.

Учествувал во Илинденското востание. Во 1903 година бил четник кај војводата Крсто Асенов, а потоа околу три месеци и во четата на Атанас Јовев во Струмичко. На 20 мај 1905 година тргнал од пограничниот пункт на Организацијата во Ќустендил кон Македонија (за Скопско) со четата на војводата Богдан Ацев. Една година бил помошник на војводата Крсто Лазаров во Кумановско. Во 1906 година го придружавал Даме Груев во обиколките низ Македонија. Во 1907 година бил во четата на Кимон Георгиев, а подоцна постанал околиски војвода во Кукушко[5].

За време на избувнувањето на Првата балканска војна бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и участвувал во ослободувањето на Кукуш како војвода на партизанската чета №26 со 10 четници[6], која дејствувала низ Гевгелиско,[7] а подоцна бил во Здружената партизанска чета на Македонско-одринските доброволни чети.[8] На 5 октомври 1912 година Меѓуречки напредувал по линијата Петрич-Струмица, на 8 октомври го ослободил струмичкото село Банско, а веќе на 12 октомври бил во Кукушко. После ослободувањето на Кукуш на 23 октомври 1912 година, Меѓуречки бил назначен за виш воено-административен пост во околијата[9]. После поделбата на Македонија за време на Втората балканска војна, Меѓуречки се вклучил со четата во отпорот на ВМОРО. Во декември 1914 година неговата чета го дигнала во воздух мостот на реката Водосир по трет пат (по Христо Симеонов во јуни и Никола Лефтеров во ноември).[10] По Балканските војни продолжил активно да учествува во дејствијата на ВМРО како војвода на чета, во редовите на МООП.

Учествувал во Првата светска војна, а по војната дејствувал како член на ВМРО во Горноџумајско, Петрички округ. На Вториот окружен конгрес на ВМРО во Петричко, одржан на 11 и 12 декември 1927 година, бил избран за член на Окружниот комитет на ВМРО за Петричко. На 8 јули 1928 година, по убиството на Александар Протогеров, учествувал на проширеното советување организирано од Иван Михајлов, одржано во домот на Асен Поп Аврамов. Во април 1932 година, поради револуционерната дејност, бил уапсен од властите во Горноџумајско.[11]

Неговите потомци живеат во Софија, Бугарија, каде се активни политичари. Починал на 18 април 1941 година во Горна Џумаја, Пиринска Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 182
  2. „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр.145.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софи, 2001, стр. 102.
  4. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.51
  5. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
  6. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.109
  7. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 434, 893.
  9. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.109, 110
  10. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133 и 146.
  11. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 182