Гоце Делчев (населба во Куманово)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гоце Делчев е градска населба во југоисточниот дел на градот Куманово. Гоце Делчев претставува понова планска населба од градот во која има стотина станбени згради. Во населбата се наоѓа основното училиште „Кочо Рацин“, како и трговски центар, градинка и амбуланта. Меѓу народот оваа населба е позната под името „Трговски“. Над 95% од населението во населбата се Македонци.