Гоцева мисла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гоцева мисла претставува меѓународна награда за културен натпревар меѓу народите, инспирирана од мислата „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ од револуционерот Гоце Делчев. Наградата се доделува во пресрет на неговиот роденден на 4 февруари секоја година на лица кои дале особен придонес во културна афирмација на македонскиот народ и некоја друга нација. Прв историски добитник бил хрватскиот амбасадор во Македонија, Златко Крамариќ во 2013 година. Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.[1]

Лауреати[уреди | уреди извор]

Година Добиник Занимање Образложение
2013[2] Златко Крамариќ амбасадор награден за афирмација и популаризација на македонската книжевност, уметност и култура, за воспоставување и негување на меѓусебните културни врски меѓу Македонија и Хрватска, за континуираното одржување на демократските процеси и перманентното поттикнување на културниот натпревар меѓу народите
2014[3] Олга Панкина писателка и преведувачка од русија наградена за нејзиниот севкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик
2015 Данијела Костадиновиќ[4] универзитетски професор од Србија наградена за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно со нејзините бројни текстови, преводи и книги од македонски автори на српски јазик
2016 Тања Попова и Звонко Танески[5] поет (Попова) и преведувач (Танески) Попова наградена за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик
Танески награден за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик.
2017 Волф Ошлис, Горан Калоѓера, Лилјана Јанаќковиќ и Ресул Шабани[6] / /
2018 Суат Енѓулу, Елка Наголова и Ристо Василевски[7] / /
2019 Кирил Темков, Жан-Патрик Конрад[8] професот од Филозофскиот факултет во Скопје ( Темков) и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз (Конрад) /

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Меѓународната награда "Гоцева мисла" за хрватскиот амабасадот Крамариќ“. Дневник. 3 февруари 2013. Посетено на 2013-02-03.
  2. „Крамариќ добитник на „Гоцевата мисла". Курир. 3 февруари 2013. Посетено на 2013-02-03.
  3. НАГРАДАТА „ГОЦЕВАТА МИСЛА“ ЌЕ И' БИДЕ ВРАЧЕНА НА ОЛГА ПАНКИНА
  4. Добитник на наградата „Гоцева мисла“ е д-р Данијела Костадиновиќ од нишкиот универзитет
  5. Тања Попова и Звонко Танески се годинашни добитници на наградата „Гоцева мисла“
  6. Наградата „Гоцева мисла“ за Ошлис, Калоѓера, Јанаќковиќ и Шабани
  7. Наградата „Гоцева мисла“ за Суат Енѓулу, Елка Наголова и Ристо Василевски
  8. Наградата „Гоцева мисла” за Кирил Темков и Жан-Патрик Конрад

Поврзано[уреди | уреди извор]