Госпоѓата министерка (филм од 1958)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Госпоѓата министерка“ (српски: Госпођа министарка) — српски и југословенски филм од 1958 година во режија на Жорж Шкргин. Главните улоги ги играат: Марица Поповиќ, Мија Алексиќ, Северин Бијелиќ, Дара Чалениќ, Милена Дапчевиќ, Бранко Ѓорѓевиќ и Јован Гец.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Откако станува министерка, Живка (ја игра Поповиќ) го менува дотогашниот начин на живот и се претвора во светска дама. Меѓутоа, нејзиниот раскош трае кратко, бидејќи мора да поднесе оставка поради скандалот што го предизвикува нејзиниот маж. На крајот од филмот, таа очајна гледа во министерскиот пајтон кој заминува на една страна, а таа се враќа на друга — во стариот живот.

Наводи[уреди | уреди извор]