Господство Верле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Господство Верле
Herrschaft Werle (германски)
Вазалство

1235 – 1436
Местоположба на Werle
      Господство Верле во околу 1250 година
Местоположба на Werle
Карта на Мекленбург во раниот 14 век:
      Верле-Гистров 1316
      Верле-Вален 1316
      Грофовија Мекленбург
      Кнежевство Ростов во 1312
      во Мекленбург од 1320
Главен град Верле
Јазици Горна Германија
Уредување Кнежевство
Историски период Среден век
 -  Основана 1235
 -  Поделба: В-Гистров
    и В-Пархим
 
1277–1307
 -  Поделба: В-Гистров
    and В-Голдберг
 
1316–74
 -  В-Гистров се оделиле
    се создала В-Варен
 
1337–1425
 -  Вратена во Мекленбург 7 септември 1436 1436

Господство Верле (германски: Herrschaft Werle) — територија на Светото Римско Царство во периодот од 1235 до 1436 година во денешна Мекленбург-Западна Померанија.

Историја[уреди | уреди извор]

Ова господство било основано во 1235 година по првата главна поделба на Мекленбург и по смртта на принцот Хајнрих Борвин II (1170-1226). Како господство било наречено на тогашниот главен дворец Бург Верле кај Гистров. Замокот се наоѓал кај Верле, денес дел од градот Касов.

Династијата Верле е по странична линија во сродство со династија Мекленбург.

Основач на династијата и прв господар на Верле бил Никола I (1227-1277), вториот син на Хајнрих Борвин II. Господството се распаѓало на неколкупати, на господства. Во 1282 година било формирено Верле-Гистров и Верле-Пархим (до 1316). Двете линии во 1292 година повторно биле обединети од страна на Никола II(1283-1316). Во 1316 година се создавле Верле-Гистров (до 1436) и Верле-Голдберг (до 1374). Во 1337 година од првата линија се одвоила Верле-Варен (до 1425).

Последниот господар на Верле-Варен и кнез на Венден бил Кристоф (1385 / 1395-1425), син на Јован VI (1382-1385 / 1395). Со смртта на последниот регент, неговиот братучед Вилхелм, од 1426 година кнез на Венден, без машки наследници на 7 септември 1436 година, господството повторно било припоено кон на династија Мекленбург.

Сите регенти на Мекленбург започнале да ја носат титулата кнез на Венден (Fürst zu Wenden) до крајот на монархијата.

Господари[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]