Горско (пиво)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горско пиво на полица во маркет
ТипПиво
ПроизводителПивара Скопје
Земја на потеклоМакедонија
Алкохол по волумен4.0% www.pivaraskopje.com.mk
СтилСветло
Матична страницаwww.pivaraskopje.com.mk

Горско — македонски бренд на пиво, кое започнало да се произведува како резултат на потребите на потрошувачите во 2003 година. Со тоа пивско семејство на Пивара Скопје било проширено со уште еден пивски бренд – Горско. Набрзо по неговото појавување, Горско ја зазеде позицијата за која е создадено – водач во својот сегмент на светли пива со полесен вкус.

Горско,– кога ќе се спомене неговото име, веднаш се добива асоцијација на природа, освежување и чистота, нешта кои се најважни кога станува збор за вкусот на пивото.

Горско e пиво кое ги слави и обединува сите оние коишто знаат да го живеат животот на свој начин. Носечката порака „Твое пиво, твој начин“ е инспирирана од инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.

Сите негови врвни одлики, се доказ дека Пивара Скопје знае да го погоди вкусот на потрошувачите на квалитетно пиво. Поради тоа, но и поради почитувањето на високите стандарди за квалитет и трасираниот пат на успехот од страна на неговиот „постар брат“ СКОПСКО, Горско многу брзо, успеа да стане уште едно омилено пиво на македонските потрошувачи[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Брендови“. ПОЛНА ЧАША. Посетено на 2018-07-30.