Коњари (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Горно Коњари (Леринско))
Коњари
Коњари is located in Грција
Коњари
Коњари
Координати: 40°54′N 21°30′E / 40.900° СГШ; 21.500° ИГД / 40.900; 21.500Координати: 40°54′N 21°30′E / 40.900° СГШ; 21.500° ИГД / 40.900; 21.500
ЗемјаГрција
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКоњари
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Коњари — поранешно село во Леринско, Егејска Македонија, денес во Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото Коњари се наоѓало во денешната општина Лерин, во областа Западна Македонија, на 22 км североисточно од општинското седиште Лерин и 17 км источно од Долно Клештино, во северниот дел на Леринското поле на самата граница со Република Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Коњари е македонско село во Леринската каза на Османлиското Царство. Во 1848 година рускот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Кујнавите како македонско село.[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“, во податокот за 1873 г. селото е споменато двапати - еднаш како Којнаре (Koïnaré) со 75 домаќинства и 175 жители Македонци и 200 Роми, и вторпат како Којнарити (Koïnariti), кое е село во Леринската каза со 75 домаќинства и 210 жители Роми.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 година во Горно Коњари има 280, а во Долно Коњари - 390 жители Турци.[3]

Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората балканска војна во 1913 година селото станува дел од Кралството Грција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.vostlit.info/Texts/Dokumenty/Bulgarien/XIX/1840-1860/Grigorovic/text3.phtml?id=2234
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 84-85.
  3. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_38.htm