Горноџумајски партизански одред „Никола Калапчиев“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горноџумајски партизански одред „Никола Калапчиев“ ― партизанска единица формирана од партизаните на Горноџумајската партизанска чета од 1941 година, како и од новопристигнати борци од Горноџумајско (околу 50 борци) - Пиринска Македонија, со командант Арсо Пандурски и политички комесар Стојне Лисијски.[1]

Дејствија и акции[уреди | уреди извор]

Дејствувал во реонот на планините Рила и Пирин. Кон крајот на 1943 година, бил поделен на два дела: едниот дел дејствувал на десната страна на реката Струма за да воспостави врски со партизанските единици од Вардарскиот дел на Македонија. Во борбата на 29 јануари 1944 година кај селото Лисија, претрпел тешки загуби. Пролетта, 1944 година, извршил бројни оружени акции и кон средината на август (1944 година) влегол во составот на Рилско-пиринскиот одред. Како доброволечка единица влегол во регуларната армија на Отечественофронтовска Бугарија. Во битката против германските сили кај селото Ѕвегор (Делчевско) загинал речиси целиот раководен кадар. Борците зеле учество во борбите за ослободување на Македонија и Југославија.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 382. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 133. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)