Горно Тодорак

Координати: 41°10′N 23°1′E / 41.167° СГШ; 23.017° ИГД / 41.167; 23.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Горни Тодорак)
Горно Тодорак
Άνω Θεοδωράκι
Горно Тодорак is located in Грција
Горно Тодорак
Горно Тодорак
Местоположба во областа
Горно Тодорак во рамките на Кукуш (општина)
Горно Тодорак
Местоположба на Горно Тодорак во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°10′N 23°1′E / 41.167° СГШ; 23.017° ИГД / 41.167; 23.017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000534000000534 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно61
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горно Тодорак или Горно Тодораќ (грчки: Άνω Θεοδωράκι, Ано Теодораки)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 21 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 534 метри.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Тодорак се состоело од 45 семејства и 200 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Горно Тодорак имало 370 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 464 Македонци и работело егзархиско бугарско и српско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото имало 246 жители, додека во 1920 година 147 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Ано Теодораки.[8]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 103 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 198 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 156 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 184 жители, во 1971 година имало 136 жители, во 1981 година имало 89 жители, додека во 1991 година имало 83 жители[10]. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 198 156 184 136 89 83 61
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Христо Македонски
Родени во Горно Тодорак

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Άνω Θεοδωράκι
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-02-29.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 24.
  12. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 35.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 319.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182 - 183.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 203.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 179.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 568.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 338.
  19. 19,0 19,1 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 455.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 774.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 705.