Горна џамија (Црнилиште)
Изглед
Горна џамија | |
---|---|
![]() Поглед на џамијата | |
Координати: 41°31′50.7″N 21°24′44″E / 41.530750°N 21.41222°E | |
Место | Црнилиште |
Општина | Општина Долнени |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Горна џамија — џамија во селото Црнилиште.[1] Џамијата се наоѓа во западниот дел од селото, поточно во Горно маало.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од приземје и два ката. Покривниот дел содржи една голема осумаголна купола со полутопчест метален кров и уште три помали куполи. На секој агол од покривниот дел има по едно мало украсно минаре. Џамијата има едно минаре коешто се издига над големата купола. Минарето е со многуаголна основа и има две шерефиња. Дворот на џамијата е ограден со метална ограда и во него има шадрван.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Горна џамија (Црнилиште) на Ризницата ?