Горна Порта (археолошко наоѓалиште)

Координати: 41°7′1″N 20°48′7″E / 41.11694° СГШ; 20.80194° ИГД / 41.11694; 20.80194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Порта

Горна Порта


Местоположба 41°7′1″N 20°48′7″E / 41.11694° СГШ; 20.80194° ИГД / 41.11694; 20.80194
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 некропола


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Горна Портаархеолошко наоѓалиште во Охрид. Претставува некропола од македонско-хеленистичкиот период, односно некаде од 3-2 век пр. н.е. Од истражувањата во 2016 година биле откриени 85 гроба, од кои 12 биле од македонско-хеленистичкиот период, односно некаде од 3-2 век пр. н.е. адругите гробови биле од османлискиот период, од периодот на 15 до крајот на 18 век.[1] Во гробниците од македонско-хеленистичкиот период, кои се со гробни конструкции од необработен камен, биле пронајдени најразлични прилози карактеристични за тој период на погребување, како керамички амфори, калапени чаши, делови од војничката опрема - копја, ножеви, накит - златни обетки со претстави на ерос, ѓердани со мониста од стаклена паста, приврзоци, фибули и прстени, а во три гроба биле пронајдени и бронзени садови.

Од периодот на доцната антика биле откриени и истражени единаесет јами и дел од рустикален објект, а пронајдено било и поголемо количество византиски монети, неколку сребрени венецијански гроша и една сребрена монета на кралот Волкашин. Гробовите од османлискиот период, пак, биле главно со христијанска насоченост и во нив се пронајдени бронзени копчиња, обетки, срма, а зачувани биле и делови од органски материјали - кожени обувки, дрво. Во текот на досегашните истражувања најстар наод на теренот бил праисториско камено секирче, а најмлад - османлиски монети од 19 век.

Инаку, Горна порта е наоѓалиште каде што првпат биле откриени најстарите погребувања во регионот, а во еден од гробовите биле пронајдени прочуената златна маска, златната ракавица и уште седумдесетина други златни, сребрени, бронзени, килибарни предмети. Во 2002 година тука била откриена гробницата со седумдесетина гробни прилози од разновиден материјал (керамика, килибар, стаклена паста, железо, бронза, сребро и злато), а меѓу нив најексклузивни се: златната посмртна маска и златната ракавица со златен прстен. Ова откритие фрли дополнителна научна светлина во разјаснувањето на надалеку прочуената некропола Требеништа, која се наоѓа кај с. Горенци, во близината на Охрид, каде што пред 100, а потоа и пред 70 години се откриени четири златни маски, од кои две се наоѓаат во Белград, а две во Софија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. На локалитетот Горна Порта-Охрид откриени привлечни артефакти. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 2017-12-03.