Горка Вердуго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горка Вердуго
Вердуго на Тур де Франс 2007
Лични податоци
Цело име Горка Вердуго Маркотегуи
Роден 4 ноември 1978 (1978-11-04) (воз. 39 г.)
Ечари-Аранац, Навара, Шпанија
Висина 1,81 м
Маса 69 кг
Податоци за клубот
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2004–2013 Еускалтел-Еускади
Последна промена
1 јануари 2015

Горка Вердуго Маркотегуи (шпански: Gorka Verdugo Markotegui; р. 4 ноември 1978 во Ечари-Аранац, Навара) — шпански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Еускалтел-Еускади.[1]

Тој нема освоена ниедна трка, но го направил неговото деби на Џиро д’Италија во 2005 (86.) и го имал првиот настап на Тур де Франс во 2006 (75.). Негов највисок пласман на Тур де Франс бил во 2010 (36.), меѓутоа и покрај тоа што успеал 6 пати да ја заврши трката, никако не успеал да биде во првите десет на некоја етапа. Сметан како лојален член на екипата, негов најдобар личен резултат бил на етапата 16 на Тур де Франс 2007, кога со бегството успеал да добие доволно бодови во планинскиот пласман да заврши 11. на крај во Париз. Завршил 11. во генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2012, забележувајќи го најдобриот пласман на Гранд Тур трка.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
10. Краен пласман Класика а Алкобендас
2008
5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсија
7. Краен пласман Париз-Ница
10. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Субида а Уркиола
2009
8. Класика Примавера
2012
3. Гран Пиемонт
11. Краен пласман Вуелта а Еспања
2013
7. Пруеба Вилјафранка де Ордизија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 68 64
Jersey yellow.svg Тур 74 47 70 60 35 24 СО
Jersey red.svg Вуелта 83 36 11 63

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Урабуру, Бенито. „Euskaltel ya tiene completo su equipo para 2013 con diez nuevos fichajes“, „El Diario Vasco“, Grupo Vocento, 21 октомври 2012 (посет. 4 јануари 2013 г). (на Spanish)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]