Прејди на содржината

Гордана Димитриеска Кочоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гордана Димитриеска Кочоска
Министерка за финансии
На должноста
Стапил/ -а
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Фатмир Бесими
Лични податоци
Роден(а) Гордана Димитриеска
2 декември 1983(1983-12-02)(42 г.)
Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Државјанство Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Деца 2

Гордана Димитриеска Кочоска (р. 6 јуни 1983 во Тетово) — македонска политичарка и актуелна министерка за финансии[1] од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Таа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55. Потоа Димитриеска Кочоска станала магистер по економски науки на истиот факултет.

Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар - Белград, а лиценцирана од СА Akademie AG.

Била вработена во приватно претпријатие, како финансиски советник во областа на управување и финансии.

Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со ова претпријатие управувал сегашниот водач на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Димитриеска Кочоска е мажена и е мајка на две деца.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „finance.gov.mk/биографија на Гордана Димитриеска Кочоска“. Архивирано од изворникот на 2025-02-19. Посетено на 2025-01-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]