Гордана Гацева-Богоева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гордана Гацева-Богоева
Родена 1954
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Занимање универзитетски професор

Гордана Гацева-Богоева ( 1954 во Скопје) — македонска универзитетска професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник во подрачјето на полимерите.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се школувала во Белград во Софија и во Москва и е дипломец, магистер и докторант на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1987). Има повеќе специјализации во земјата и во странство. Работи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (од 1978 г.), а како редовен професор од 1999 година.

Подрачја: хемија, физичка хемија, технологија на синтетски полимери и влакна, како и на полимерни композитни материјали.

Автор е на учебници и помагала, како и на бројни научни трудови, патенти и истражувачки проекти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гевгелија“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 339. Text "series " ignored (help)