Горан Чаушиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

 

Чаушиќ со Арсенал во 2017 година

Горан Чаушиќ (роден на 5 мај 1992 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како централен играч за врска. Моментално настапува во Русија за екипата на Арсенал од Тула.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетни години[уреди | уреди извор]

На 16 јуни 2009 година, Чаушиќ го потпишал својот прв професионален тригодишен договор со клубот на Црвена ѕвезда од Белград.[1] Подоцна бил испратен како позајмен играч во тимот на Сопот, стекнувајќи искуство две сезони во српската лига на Белград. Во почетокот на 2012 година, Чаушиќ бил преместен да игра во екипата на Рад.

Ескишехирспор[уреди | уреди извор]

На 26 декември 2012 година, заедно со Андреј Мркела, Чаушиќ потпишал четиригодишен договор за турскиот клуб Ескишехирс.[2] Својот прв гол за клубот го постигнал на 11 јануари 2013 година на натпревар од Купот на Турција против екипата на Мерсин Идмањурду.

Осасуна[уреди | уреди извор]

На 13 јули 2016 година, Чаушиќ потпишал двегодишен договор со шпанскиот клуб од Ла Лига Осасуна.[3] По редовните настапи во клубот тој морал да го прекине договорот на 5 јули 2017 година поради фактот што Осасуна испаднала од првата лига на Шпанија.

Арсенал Тула[уреди | уреди извор]

На 11 јули 2017 година, Чаушиќ потпишал двегодишен договор со рускиот прволигаш ФК Арсенал од Тула.[4] Во времето на неговото пристигнување, тренер на Арсенал од Тула бил тренерот Миодраг Божовиќ. На 4 март 2018 година, Чаушиќ постигнал гол во последната минута од натпреварот на оддалеченост од 22 метри. Со овој гол Арсенал од Тула го победил клубот на Ахмат од Грозни. Тој го соблекол дресот во знак на славење и покрај снежните услови на теренот. На овој натпревар на крајот имало голема тепачка помеѓу двата тима.[5]

Враќање во Црвена ѕвезда од Белград[уреди | уреди извор]

На 31 август 2018 година Чаушиќ се вратил во екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[6] На 15 септември 2018 година, во својот прв натпревар по враќањето во Црвена ѕвезда, тој постигнал гол во победата од 6:0 на домашен терен против екипата на Радник од Сурдулица.

Враќање во Арсенал од Тула[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2019 година, тој се вратил во ФК Арсенал од Тула, потпишувајќи договор на повеќе години.[7]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Чаушиќ ја претставувал својата земја на Европското првенство за играчи до 19 години во 2011 година и на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2015 година.

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Обновено на крајот од 2019–20 сезона[8]
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Црвена ѕвезда од Белград 2011–12 Српска Суперлига 0 0 0 0 0 0 0 0
Рад 13 2 13 2
2012–13 15 2 2 0 17 2
Вкупно 28 4 2 0 0 0 30 4
Есхишехирспор 2012–13 Супер Лига 13 0 6 1 19 1
2013–14 0 0 4 1 4 1
2014–15 27 3 5 0 32 3
2015–16 23 0 3 0 26 0
Вкупно 63 3 18 2 0 0 81 5
Манисаспор (како позајмен играч) 2013–14 ТФФ Прва Лига 17 3 17 3
Осасуна 2016–17 Ла Лига 26 1 2 0 28 1
Арсенал Тула 2017–18 Руска Премиер Лига 26 3 1 0 27 3
2018–19 5 0 0 0 5 0
Вкупно 31 3 1 0 0 0 32 3
Црвена ѕвезда од Белград 2018–19 Српска Суперлига 21 1 2 0 5 0 28 1
Арсенал Тула 2019–20 Руска Премиер Лига 21 2 1 0 2 0 24 2
Вкупно во кариерата 207 17 26 2 7 0 212 19

Признанија[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда Белград

 Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „CZ: Ugovori za omladince i kadete“ [RS: Contracts for youths and cadets] (српски). B92. 16 June 2009. Посетено на 12 March 2017.
  2. „Čaušić ve Mrkela Eskişehirspor'da“ [Čaušić and Mrkela in Eskişehirspor] (турски). Eskişehirspor. 26 December 2012. Посетено на 26 December 2012.
  3. „El Club Atlético Osasuna ficha a Goran Causic“ [Club Atlético Osasuna signs Čaušić] (шпански). CA Osasuna. 13 July 2016. Архивирано од изворникот на 1 December 2017. Посетено на 14 July 2016.
  4. ГОРАН ЧАУШИЧ - В «АРСЕНАЛЕ» (руски). FC Arsenal Tula. 11 July 2017.
  5. [1] Izzy Horsefield. Express: WATCH: Footballers FIGHT after last-minute goal in Russian Premier League. March 8, 2018.
  6. Три бомбе за крај (српски). Red Star Belgrade. 1 September 2018.
  7. „ГОРАН ЧАУШИЧ ВЕРНУЛСЯ В "АРСЕНАЛ" [Goran Čaušić returned to Arsenal] (руски). FC Arsenal Tula. 7 July 2019.
  8. „G.Čaušić Soccerway stats“. Soccerway. Посетено на 12 January 2018.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]