Горан Тодоровски
Горан Тодоровски | ||
![]() | ||
Роден | 24 јануари 1973 Скопје, ![]() | |
---|---|---|
Занимање | фолк пејач |
Горан Тодоровски (роден на 24 јануари 1973 во Скопје) — македонски пејач на фолклорна музика.
Животопис[уреди | уреди извор]
Горан Тодоровски своите музички почетоци ги започнал уште од најрана возраст, кога бил член на детскиот хор на „Златно славејче“. Завршил средно медицинско училиште во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а потоа дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на катедрата по биологија. Работи како наставник по биологија во основно училиште во Скопје.
Како фолк-пејач започнал да пее во 1993 година, а својата прва популарност ја стекнал со песната „Како божица“, по кое во раните 90-ти следувале „Како да ти речам мила“, „Ми ја зеде среќата“, „Измама“, „Прва љубов“. За песната „Прва љубов“ ја добил првата награда од публика на Фолк-фест „Низа“ во 2002 година, додека за песната „Живот“ ја добил втората награда од жирито на истиот фестивал во 2009 година.
На Фолк-фест Валандово во 1996 година ја освоил втората награда од жирито за песната „Слушни ме судбино“, а за песната „Виулица„ кој ја испеал во дует со Росана се закитил со втората награда од жирито и награда за текст. На Фолк-фест Валандово во 2019 година настапил со песната „Бараш крадец“. Неговата „Горда мајка“ што во 2018 година ја извела Благица Калева предизвикала вистинска еуфорија во Валандово и освоила прво место.
Во 1994 година освоил Гран при за песната „Се ти простувам“ која ја испеал во дует со Благица Павловска на „Сенатор-Фест“. Има направено дуети и со Виолета Томовска („Моја Битола“) во 2001 година на Серенада, со Тања Лазаревска („Љубовна сказна“) од 2003 година и повторно со Росана („Те познавам“) на „Тетовски фолк-фест“. Тој се јавува како автор на песната „Раѓај Македонијо синови“ која била изведена од страна на Благица Павловска на Фолк-фест Валандово и која освоила втора награда од публиката.
Синоним за неговото име и музичко дело е безвременската песна „Пусти мерак Ратке“, која за прв пат ја отпеал на фестивалот „Широк Сокак“ во Битола во 2000 година, достигнувајќи вистинска популарност кај сите генерации и како безвременски евергрин е изведувана на сите негови настапи.
На својот 25-годишен јубилеј[1], Горан Тодоровски издал двоен албум, насловен како „Една по една”, на кој се јавуваат текстовите на Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев[2].
Дискографија[уреди | уреди извор]
Бр. | Дискографија на Горан Тодоровски | Година |
---|---|---|
1 | Како божица | 1994 |
2 | Како да ти речам мила | 1995 |
3 | Горан Тодоровски | 1996 |
4 | Горан | 1998 |
5 | Се враќам | 2002 |
6 | Влог | 2004 |
7 | Такси станица | 2016 |
8 | Една по една | 2019 |
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјално мрежно место на Горан Тодоровски Архивирано на 1 декември 2021 г.
- Мрежен канал на Youtube
![]() |
„Горан Тодоровски“ на Ризницата ? |