Горан Стојменовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Горан Стојменовиќ
01.12.1970 – † 10.05.2015 (44 год.)
Горан Стојменовиќ.png
Роден во: Тетово, Македонија Македонија
Починал во: Куманово
Служба во: Македонија Македонија
Чин: Специјалец во Macedonian Police insignia.png МВР
Единици: ЕСЗ ТИГАР лого.png ЕСЗ Тигар
Битки/војни: Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Вооружена престрелка во Куманово (2015)
Одличја: Медал за храброст


Горан Стојменовиќ (Тетово, 1 декември 1970Куманово, 10 мај 2015) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во вооружената престрелка во Куманово на 9 мај 2015 година заедно со седуммина соборци.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Горан Стојменовиќ е роден на 1 декември 1970 година во Тетово. По кратко време неговата фамилија се доселува во скопското село Миладиновци, каде завршува основно училиште како одличен ученик. Средно образование завршува во гимназијата „Орце Николов“ исто така со одличен успех.

Доброволно се пријавува за отслужување на воениот рок во тогашната ЈНА, во Белград и Ниш, а подоцна во 1991 година се пријавува на конкурсот за полициски службеници кој го завршува успешно. Во 1992 година својата кариера во МВР ја започнува во ПС-ИФОО, за да истата година на интерен оглас во Единицата за специјални задачи и без потешкотии ја заврши селективната обука и стана дел од ЕСЗ Тигар. Во Единицата со успех ги завршува основната и специјалистичката обука. Иако професионално никогаш не се занимавал со спорт, имаше спортски дух, многу ја сакаше кошарката, пливањето и скијањето.

Во Единицата беше до 1998 година кога беше прераспореден во полициска станица Бит-пазар, за кога беше најпотребно во конфликтот 2001 година повторно се врати во Единицата. Беше пример за вистински професионалец и имаше несебична љубов кон професијата и колегите. Неговата единствена парола беше:„Живеам за единицата, таа е мојот живот!“ Во 2001 година за време на вооружениот конфликт учествува во сите акции во кои беше ангажирана Единицата.

Животот го загуби на 10 мај 2015 година во Куманово додека извршуваше службени задачи. Со највисоки почести е погребан на гробиштата Камник во населбата Ченто, Скопје. Единицата за специјални задачи „Тигар“ со гордост го чува споменот на својот загинат припадник и херој. Горан Стојменовиќ постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]