Горан Петровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Петровиќ
Роден 1 јули 1961(1961-07-01)
Краљево, НР Србија
Починал 26 јануари 2024(2024-01-26) (возр. 62)
Белград, Србија
Занимање писател

Горан Петровиќ (српски: Горан Петровић, 1 јули 1961 - 26 јануари 2024) — српски писател и академик.[1] Бил меѓу најзначајните и најчитаните современи српски прозни писатели.[2] Членувал во Српската академија на науките и уметностите (САНУ).[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Петровиќ е роден во Краљево, Србија во 1961 година. Студирал на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет, на групата за југословенска и српска книжевност. Подолг период работел како библиотекар во градската библиотека во Жича, на педесет метри од манастирот Жича, а работел и како уредник на списанието „Повеља“ при градската библиотека во Краљево. Подоцна се преселил во Белград. На 1 ноември 2012 година бил избран за дописен член на САНУ. Исто така, тој е член на Српското книжевно здружение и на Српскиот ПЕН центар.

Творештво[уреди | уреди извор]

Петровиќ објавил следниве дела: „Совети за полесен живот“ (куса проза, 1989), „Атлас обиколен со небото“ (роман, 1993), „Остров и околните раскази“ (раскази, 1996), „Опсадата на црквата Свети Спас“ (роман, 1997), роман „Ситничарницата Кај среќната рака“ (роман, 2000), „Ближните“ (раскази, 2002), „Сè што знам за времето“ (кратка проза, 2003), „Скеле“ (драма, 2004), „Разлики“ (раскази, 2006), „Под таванот кој се лупи“ (кино-новела, 2010). Неговите книги се печатени во над 50 изданија, а се објавени на повеќе светски јазици. На македонски јазик се објавени „Ситничарница кај среќната рака“ (издание на СЗМ, Скопје, 2007, во превод на Гордана Јовиќ Стојковска) и „Опсадата на црквата Св. Спас“ (издание на „Гетон“, Скопје, 2014).

За своите книжевни дела, Горан Петровиќ се стекнал со многу значајни книжевни награди, меѓу кои: книжевната стипендија на Фондот „Борислав Пекиќ“, наградата „Просвета“, наградата „Меша Селимовиќ“, наградата „Рачанска повелба“, наградата „Златниот бестселер“, наградата на Народната библиотека на Србија за најчитаната књига, НИН-овата награда (за романот „Ситничарницата Кај среќната рака“, 2001), Октомвриската награда на градот Краљево, наградата „Борисав Станковиќ“, наградата „Иво Андриќ“ и наградата „Лаза Костиќ“.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Савети за лакши живот (1989)
  • Атлас описан небом (1993)
  • Острво и околне приче (1996)
  • Опсада цркве Светог Спаса (1997)
  • Ситничарница Код срећне руке (2000, македонско издание 2007 г.)[4]
  • Ближњи (2002)
  • Све што знам о времену (2003)
  • Скела (2004)
  • Разлике (2006)
  • Претраживач (2007)
  • Испод таванице која се љуспа (2010)
  • Матица (2011)
  • Унутрашње двориште (2018)
  • Папир са воденим знаком (2022)
  • Иконостас (2022)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „РТС :: Вест :: Преминуо писац и академик Горан Петровић“. www.rts.rs. Посетено на 26 јануари 2024.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. Мала школска енциклопедија, стр. 218
  3. „Горан Петровић“. САНУ. Посетено на 16 декември 2022.
  4. Ситничарница "Кај среќната рака" на COBISS.MK