Горан Дачев - Горанд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Горан Дачев - Горанд (роден во 1970) е македонски сликар и стрип-цртач.

Биографија и творештво[уреди | уреди извор]

Горан Дачев - Горанд е уметник, стрип автор роден на 24 мај 1970 година во Скопје, Република Македонија, посветен на творење графичка нарација (стрип) и црно бел цртеж на хартија и платно, полноправно авторски активен од 1991, кога и го објавува првиот стрип во Макстрип, а од 1995 е сосема посветен на алтернативното андерграунд стрип творештво (кое започнува со создавањето на култните "Копиљ" и "Усферату"), и активен објавувач во разни специјализирани за независен стрип, магазини во Македонија (Лифт), ширум поранешна Југославија, како во Стрипбургер (Словенија), Комиказе (Хрватска), Стрипер (Србија) и во независни магазини во Швајцарија, Германија, Канада, Италија, Литванија,а во 2008 , помогнат од “Прес ту Ексит”, го објавува и самостојниот проект, стрип книгата Меланж, а во октомври 2014 издавачката куќа "Црна Хроника" го објавува комплетниот "Копиљ" во една книга.

Од 2004 година, покрај активното творештво во манирот на графичката нарација или ти “приказни во цртеж”,активно се посветува на црнобелиот цртеж во разни формати, доловувајќи ја сировата и драматична експресија, со кои остварува повеќе групни и самостојни изложби.

Тој активно објавува во специјализирани списанија за независен стрип во Македонија и во странство. На 14 октомври 2014 година, во Музејот на град Скопје била отворена самостојна изложба на исклучиво цртежи и илустрации кои Дачев ги создавал во претходните десетина години.[1]

“Главните мотиви во моето стрип творештво се : урбаниот маргинализиран човек и меѓучовечките односи, во еден хедонистички и безгрижен свет на луѓе во доцни дваесети и триесети години, како и некои затскриени автобиографски моменти...”

Во неговите дела, цртежот како форма на изразување, опфаќа најчесто мотив на скаредно однесување, необични профили или небанален акт на необични ликови, кои длабоко отстапуваат од конвенционалниот изглед на обичниот човек, сходно на тоа и самиот цртеж на авторот отстапува од баналниот приказ на човечкото тело и лик.

Самостојни изложби[уреди | уреди извор]

“Странецот Во Мене” – Изложба на Стрип и Цртеж – Галерија“Точка” ,(Скопје – Р.Македонија) - 2006

Соло изложба во Галеријата при Дом на Млади Штип - Р. Македонија (во склоп на музички фестивал Pure Artistic Mind Festival) - 2010

“Изложба На Цртеж Без Рамка” – Графичко Студио-Музеј На Град Скопje – (Скопје– Р.Македонија) - 2010

“Изложба на Цртеж” – Музеј на град Скопје - (Скопје -Р.Македонија) - 2014

Групни изложби[уреди | уреди извор]

"Evropska Nok" -  Hard Rock Club (Skopje-Macedonia) 1992

"`Xer" -  Kino Rex , so prestoj I rabotilnica (Belgrad-Yugoslavia) 1997

"Festival International de la Bande Dessinee artistes de l`ex Yugoslavie" - Angouleme (Francija) 2000

"Mesec Na Sovremenata Makedonska Umetnost" - (Zagreb-Hrvatska) 2001

"Strip vo Lift – Makedonski Strip Vo Dvizenje" - ( niz Makedonija) 2000-2001

"Prvo Grafichko Bienale" - (Gevgelija-Makedonija) 2002

"Proarts Festival"- Muzej Na Sovremena Umetnost (Skopje-Makedonija) 2003

"Art No Borders" - Internacionalen Strip Festival – so prestoj I rabotilnica (Prilep-Bitola-Makedonija) 2004

"One Must Draw The Line Somewhere" - K&S Galerija , so prestoj (Berlin-Germanija) 2004

"O.M.D.T.L.S." (povratna izlozba)...- (Press To Exit Galerija-Skopje-Makedonija) 2004/2005

"Independet Drawing Gig - Vol.2" -(Muzej na Sovremena Umetnost - Skopje, Makedonija) 2006

“Beyond Borders” – Internacionalen Strip Festival – so prestoj I rabotilnica (Prilep – Makedonija) 2007

“Bum Komiksov” –Megjunaroden Strip Festival (Sankt Petersburg – Rusija) 2007

“Fantom Fest” – Internacionalna Strip Izlozba – so prestoj I rabotilnica (Panchevo-Belgrad – Srbija) 2008

“Novo Doba Festival” - Internacionalna Strip Izlozba-so prestoj I rabotilnica (Belgrad -Srbija) 2010

“Sovremen Crtez od 5 Sovremeni Avtori ” – Dom na Kultura –Gevgelija (Makedonija) 2011

“Sovremen Crtez od 5 Sovremeni Avtori ” – Grafichko Studio pri Muzej na Grad Skopje (Skopje-Makedonija) 2011

“FAMNAZ” – ‘Dom Omladine’ (Panchevo – Srbija) 2013

"Pokolenie XXX" - Muzej na Grad Skopje - Republika Makedonija 2013

“Novo Doba Festival” - Internacionalna Strip Izlozba-so prestoj I rabotilnica (Belgrad -Srbija) 2014

"Bibliska Etika" = Mladinski Kulturen Centar - Skopje - R. Makedonija 2015

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црно-бели цртежи од Дачев во Музејот на град Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5591, вторник, 14 октомври 2014, стр. 19.