Горанчо Бошковски
| Горанчо Бошковски Горан | |
|---|---|
| Роден(а) | 1 јуни 1964 г. Велес |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Образование | Факултет за безбедност |
| Дела | копаничар |
| Вероисповед | православен |
Животопис
[уреди | уреди извор]Горанчо Бошковски е роден на 1 јуни1964 година во Велес, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Велес. Своето образование го продолжил во 1984 година на факултетот за безбедност „Елисиј Поповски Марко“ Идризово, Скопје[1]. До своето пензионирање бил вработен во СВР и МВР Велес. Својата љубов кон копаничарство ја негувал од своето детство, со овој несекојдневен и редок занает започнал од 1995 година па се до денес.
Бошковски[2] од Велес ја продолжил долгата традиција на копаничарството како занает и хоби.
Тој е самоук копаничар кој скоро три децении се занимава со копаничарство[3]. Најчесто во својата работа тој го користел оревот како дрво за неговите резби[2]. Бошковски ги овековекувал во своите резби македонската флора и фауна. Инспирацијата во неговите резби или дрворез во неговото творештво најчесто ја пронаоѓал во македонските цркви и манастири во кои е вткаена историјата на македонската резба. Бошковски е член на Здружението на копаничари на Македонија „ЗКМАК“ во Битола. Своите дела ги изложувал на изложби организирни од „ЗКМАК“. Квалитетните дрворези на Бошковски се препознаени кај љубителите на оваа уметност и последните години тој изработувал резби само по порачка. Во оформување на ореовото дрво во различни форми тој најчесто ги користел техниките: длабока поткопана резба и ажурна или пробушена резба. Бошковски е мајстор на тридимензионално прикажување на сите делови на резбата.
Со свои резби се претставил и на изложбата организирана од Народниот музеј Велес, каде биле презентирани 45 уметнички дела - копаници на десет велешки автори.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Копаничарско дело на Горан Бошковски на зиден часовник
- Резбарски алатки
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Факултет за Безбедност – Скопје“. Факултет за Безбедност – Скопје. Посетено на 2025-05-28.
- 1 2 „Горан Бошковски Archives“. ВидиВака. Посетено на 2025-05-28.
- ↑ „Копаничарство - можеби уметност, можеби занает - но пред се љубов“. Македонска нација. Посетено на 2025-05-28.