Голем везир на Унгарците

Од Википедија — слободната енциклопедија

Големиот везир или Големиот кнез (унгарски: Nagyfejedelem) бил називот што го користеле современите извори за да го именуваат водачот на федерацијата на унгарските племиња во десеттиот век.

Големиот везир најверојатно бил избиран од страна на водачите на федерацијата на седумте унгарски племиња и трите кабарски племиња (дисидентски хазарски племиња) кои се приклучиле на Унгарците пред 830 година. Сепак, првиот голем везир, Алмош, таткото на Арпад, поверојатно бил назначен од страна на Каганот од Хазарите.

Кога Унгарците биле избркани од Етелкос и се преселиле во Панонската Низина, моќта на големиот везир се чинела дека се намалува. До времето на Геза, Трансилванија била управувана од независен водач (gyula). Стефан морал да ги освои не само териториите на независниот водач, но исто така и во земјите во кои владееле ахтум и црните Унгарци.

Насловот исчезнал на крунисувањето на Стефан I, на 25 декември 1000 или на 1 јануари 1001 година.

Големи везири на Унгарците[уреди | уреди извор]

Слика на седумте везири на Унгарците

Не знаеме точно колкумина големи везири на Унгарија владееле меѓу смртта на Арпад (околу 907) и Фајс (948), бидејќи се чини дека хроничарите на унгарските кралеви, кои биле од династијата на Золта по 1000 година, сакале да направат да се заборави кој владеел меѓу 907 и 950 година, односно да се забораваат другите крвни линии од династијата Арпадовци, оние кои доаѓале од другите три сина на Арпад, кои најверојанто владееле во тој период со Унгарија. Пред 1000 година, унгарските владетели го користеле номадскиот обичај на прогласување владетели, односно правото братот на починатиот владетел да има предност пред неговите синови.[1] Недостатокот на податоци во хрониките е причината зошто денешните историчари не можат точно да го утврдат целиот список на унгарските големи везири меѓу 907-955 година, а знаеме само за Золта од унгарските хроники, и за Фајс од книгата на византискиот цар Константин Порфирогенит во која е зачуван подолг список на имиња од Арпадовците, отколку во унгарските хроники, преокупирани само со владејачката гранка на Золта.[1] Причината за заборавање на Фајс од унгарските хроники бил фактот дека тој не бил син на Золта, туку на Јутоца и без помош на книгата на Константин Порфирогенит, ние не би знаеле ништо за неговото постоење. Но, за имињата на другите големи везири, кои не биле од гранката на Золта, а веројатно владееле пред и по него, денес не знаеме ништо.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Szabados György: Magyar államalapítások a IX-XI. században; Szegedi Középkori Könyvtár, Szeged, 2011, p. 244

Извори[уреди | уреди извор]

  • Korai Magyar Történeti Lexikon (9-14. Század) , föszerkesztő: Kristó, Gyula, szerkesztők: Engel, Pál és Makk, Ferenc (Akadémiai Kiadó, Budapest, 1994)
  • Кристо, Ѓула: Карпатен медиум и магистратура (1301) (Сегеди Ксејпкортентети Конивтар, Сегед, 1993)