Прејди на содржината

Голем Узењ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голем Узењ
Большой Узень
Үлкен Өзен (Қараөзен)
Поглед на реката кај Новоузенск
Карта
Местоположба
ЗемјиРусија
Казахстан
Физички особености
ИзворОбшчиј Сирт
 • координати51°39′07″N 48°42′41″E / 51.65194°N 48.71139°E / 51.65194; 48.71139
 • надм. вис.120 м
УстиеКамиш-самарски Езера
 • координати
48°55′46″N 49°54′46″E / 48.92944°N 49.91278°E / 48.92944; 49.91278
 • надм. вис.
-8 м
Должина650 км
Големина на сливот15.600 км2
Проток 
 • просечен7,3-393 м3/с кај Новоузенск
Особености на сливот

Голем Узењ (руски: Большой Узень) или Улкен Узен (казашки: Үлкен Өзен или Қараөзен) — река in Саратовската област во Русија и Западноказахстанската Област во Казахстан. Долга е 650 км, а нејзиниот слив зафаќа површина од 15.600 км2.[1]

Крај реката лежи градот Новоузенск. Нејзините води се користат за водоснабдување на жителите и наводнување.

Голем Узењ извира од западниот крај на возвишениот венец Обшчиј Сирт во Русија, и тече во јужен правец низ степите на Прикасписката Низина. Течението му е напоредно на она на Мал Узењ, чие корито е 50 км поназапад. Меѓу овие две реки се наоѓа езерото Баликти Саркил. Реката завршува кај селото Сарикол во едно од Камиш-самарските Езера, група езерца и блата во западен Казахстан.[2]

Реката е најполноводна во април поради надојдената топеница од снег. Некои делови од Голем Узењ лете знаат сосема да пресушат. Кај Новоузенск протокот се движи од 7,3 до 393 м3/с. Реката замрзнува во декември и останува под мраз сè до крајот на март или почетокот на април.

  1. ↑ Узењ Голем и Мал — Голема советска енциклопедија (руски)
  2. ↑ „Топографска карта М-39“. Посетено на 6 март 2023. (руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]