Голем Иран

Голем Иран (персиски: ایران بزرگ) или Ирански Културен Континент — историска област што е под силно влијание на иранската култура уште од древноста. Ја зафаќа територијата на современиот Иран, кавкаските републики, дел од Средна Азија, Авганистан и Пакистан.
Идејата за Голем Иран е културна и историска по природа и не одговара на современите политички граници. Голем Иран се формирал во III век со културното проширување на персиските Сасаниди со нивното Персиско Царство, кое тие го сметале за наследство на Ахеменидите.
Концепт
[уреди | уреди извор]Концептот „Голем Иран“ има исклучиво културно-историска природа и не одговара на никакви современи политички ентитети. Голем Иран започнал да се формира уште во III век, паралелно со широкото културно проширување на персиското Сасанидско Царство. Додека Персијците го ширеле своето влијание во областа, во нивната држава се вклучувале сѐ нови и нови народи, а поимот „Иран“ се користел за означување на растечката многунационална држава што подоцна претрпела неколку бранови на политички и морален пад.[1]
По 1935 г., кога поимот „Персија“ престанал да се користи на Запад, терминологичката разлика помеѓу „Иран“ и „Голем Иран“ станала задолжителна.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Карл Риттер: Иран, ч.I, пер. и доп. Н. В. Ханыкова, СПб, 1874.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Каде е Големиот Иран? (англиски)