Големо босанско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големо босанско востание
Gradascevicmap3.PNG
Карта на денешна Босна и Херцеговина. 1. Сараево, 2. Столац, 3. Гачко, 4. Требиње. Херцеговина е означена со темно
Датум 29 мај 1831 - 1833
Место Босански вилает
Исход Задушување на востанието
Завојувани страни
 Османлиско Царство Босанци
Команданти и водачи
Османлиско ЦарствоМехмед Рашид Паша
Османлиско Царство Али Паша Ризванбеговиќ
Хусеин Градишчевиќ

Босанско востание или Големото босанско востание било востание кое избувнало во Босанскиот вилает против Отоманската империја по потпишувањето на договорот од Едрене според кој на Србија и била дадена автономија. Востанието траело во периодот од 1831 до 1833 година кога завршило неусешно за востаниците.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во доцните 1820-ти години, османлискиот султн Махмуд II повторно вовел реформи во Османлиската империја чија цел била експанзија на османлиската армија, нови даноци и поголема османлиска бирократија. Овие реформи го ослабиле статусот на Босна која била привилигирана за разлика од другите земји па поради ова довело до избувнување на востание во историјата познато како Големо босанско востание.

Во 1826 година, кога султанот го укинал јаничарскиот корпус во Босна, реакцијата на Хусеин Градашчевиќ не била различна од онаа на останатите босански аристократи. Сепак тој истакнал дека ќе употреби воена сила против секого кој ќе се противи на сараевските јаничари. Но кога бил убиен Накибул ефенди тој се дистанцирал од нив.

Следните години Хусеин Градашчевиќ ги поминал мирно и имал добри односи со властите во Босна. Во 1827 година за нов везир на Османлиската империја бил избран Абдурахим Паша, а Градашчевиќ станал негов советник. Во времето на Руско-турската војна Градашчевиќ започнал со мобилизација на босанското население. По започнувањето на побуната во сараевските касарни тој на големиот везир му обезбедил засолниште а подоцна и под негова заштита заминал од земјата.

Сепак Градашчевиќ многу се разбеснил кога бил потпишан договорот од Едрене на 14 септември 1829 година кога на Србија и било дадена автономија. Преку добивањето на автономија, на Босна и биле одземени шест области. Главно поради ова во Босна се родило движење за автономија.

Во почетокот на 1831 година бил одржан состанок во Тузла чија цел била подготовката на востанието. На овој состанок бил упатен позив до босанскиот народ да се крене на востание во одбрана на Босна. Востаниците освен враќање на териториите на Босна сакале да се престане со новите реформи во земјата и да се даде автономија на Босна која ќе биде управувана од влада а истата влада ќе има обврска да плаќа годишен данок на империјата. За лидер на востанието бил избран Хусеин Градашчевиќ.

Борба за автономија[уреди | уреди извор]

Во градот Травник се наоѓал седиштето на Босанскиот пашалак и востаниците решиле најпрвин да се соочат со главните административци во земјата. Така на 29 март 1831 година Градашчевиќ се упатил кон Травник со сила од 4,000 војници. Кога разбрал за ова, Намик Паша заминал кон тврдината за да се спрема за војна. Кога босанската армија пристигнала започнала да пука кон тврдината, а во меѓувреме лидерот испратил еден одред од своите сили на чело со Мемиш ага кон братот на пашата, Сулејман. Овие сили се сретнале кај Пирот во предградието на Травник на 7 април каде Сулејман доживеал пораз а по ова и Намик паша побегнал а Градашчевиќ се прогласил за врховен командант на Босна избран од народот.

По ова следувала општа мобилизација на населението меѓу кои имало и христијани за кои се смета дека броеле до една третина од вкупниот број на востаници. Војската била поделена на два дела, едната во Ѕворник за да ја заштити територијата од можен спрски напад а со другиот дел се упатил кон Косово за да го пресретне големиот везир кој бил испратен да го задуши востанието. По патот ги зазел Печ и Приштина каде го направил својот логор.

Битката со големиот везир Мехмед Рашид Паша се случила на 18 јули каде босанските сили издвојувале голема победа а великиот везир бил смртно погоден. Овде кон востаниците бил упатен апел од султанот да се повлечат бидејќи нивните барања ќе бидат исполнети. На 10 август во Приштина бил одржан состанок каде било одлучено да Градашчевиќ биде прогласен за босански голем везир. Така на 12 септември Хусеин Градишчевиќ во Сараево бил прогласен за везир на Босна во Царската џамија каде се заколнал пред Коранот.

Од тој момент Градашчевиќ вил врховна власт во Босна. Тој започнал со основање на суд, а централната власт ја пренел од Сараево во Травник правејќи го де факто главен град на Босна. Во Травник исто така основал Диван кој заедно со него ја сочинувала босанската влада.

Во ноември босанските власти заминале во Скопје каде големиот везир им ветил подршка кај султанот да Градашчевиќ биде признаен како везир на Босна. Но неговите прави намери се покажале кога во декември ги нападнал босанските сили кај Нови Пазар, но и покрај тоа доживеал пораз. Поради зимата босанските сили се вратиле дома. Во исто време во Босна Градашчевиќ продолжил со походите во Херцеговина. И покрај големата зима тие забележале неколку победи. Капетанот Ибрахим бег Фидрус започнал напад кон териториите на Сулејман бег каде ја зазел скоро цела Херцеговина. Но во битката кај Столац Фидрус доживеал пораз по кое бранителот на градот Али паша Ризванбеговиќ започнал контранапад. Од Сараево веќе била спремена дополнителна армија да се упати кон Столац, но кога Градашчевиќ разбрал дека доаѓа голема армија на чело со Големиот везир, тој на 16 март наредил да се врати војската назад.

Османлискиот напад започнал кон почетокот на февруари. Големиот везир испратил две војски, едната од Вучитрн а другата од Скадар. Двете војски паралелно се упатиле кон Сараево, а Градашчевиќ своите сили од околу 10,000 војници им наредил да ги пресретнат. Кога османлиските сили успеале да ја преминаат реката Дрина, Градашчевиќ наредил на Али Паша да ги пресретне со своите 6,000 војници да ги пресретне кај Рогатица, додека пак силите од Вишеград заминале кон Палама.

Конечната битка се случила кај Гласница, источно од Сараево. Босанските сили биле предводени од самиот Градашчевиќ додека османлиските биле на чело со Кара Махмуд Хамди Паша, новопоставениот босански везир од османлискиот султан. По првата битка босанските сили биле приморани да се повлечат кон Сараево. На 4 јуни започнала последната битка. На почетокот босанските сили имале голем успех но тогаш на сцена стапиле силите на Херцеговина на чело со Али Паша Ризвангеговиќ. Следниот ден османлиската војска влегла во Сараево а лидерот на босанските сили побегнал во Австрија.