Големо Градиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Големо Градиште (Транупара?)

Градиште-Транупара-Коњух 04.jpg

Поглед на ископините во Големо Градиште

Големо Градиште (Транупара?) is located in Археолошки локалитет во Македонија
Големо Градиште (Транупара?)

Големо Градиште (Транупара?)

(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Основни податоци
Име Големо Градиште (Транупара?)
Место Коњух
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период доцноантичко време
среден век
Портал:Археологија

Големо Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век[1]. Поради бројните остатоци од големи и значајни објекти на значително големо подрачје, археолозите и историчарите претпоставуваат дека на ова место се наоѓал древниот град Транупара, обележан во познатата карта Појтингерова таблица и споменуван во доцноантичките и средновековни записи. Со своите 17 хектари површина, Големо Градиште кај с. Коњух е најголемиот и досега најдобро истражен град од 6 век во североисточниот дел на Македонија[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

План на наоѓалиштето Големо Градиште

Се наоѓа на висок рид покрај Крива Река, во близината на селото Коњух. Поточно, меѓу кратовските села Димонци и Конух, на висок рид се издига стариот град Големо Градиште. Археолошките пронајдоци и ископини се распространети на пошироко подрачје почнувајќи веднаш од левиот брег на Крива Река каде има остатоци од камен мост[3], главните ископини на населениот дел каде се и остатоците од акропола со всечени простории во подножјето на стрмниот гребен на ридот Градиште на чиј врв висок 440 метри, исто така се наоѓаат ископини и остатоци - безброј објекти исклепани во карпите - мали испоснички ќелии со траги од живопис, многу крстови и симоблични знаци врежани во самите влезови[1], па се кон правец непосредно на југ во насока кон Цоцев Камен каде се наоѓаат остатоците на кружната црква-ротонда во месноста Црквиште и југозапад кон селото Бељаковце каде се наоѓа прастарата црква Свети Ѓорѓи во месноста Манастириште. Од другата страна преку Крива Река, на нејзиниот лев брег во месноста К'шла се наоѓаат остатоци од римска некропола.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на ископините на Големо Градиште

Населбата била расположена на главниот пат што водел од Куманово за Софија (Сердика). Во старохристијанскиот период претставувала голем црковен центар во провинцијата Дарданија, во Источен Илирик. Ова било посебно изразено со формирањето на архиеписокопијата Јустинијана Прима од императорот Јустинијан I, со која се стремел црковните диецези да ги ослободи од големата власт на римскиот папа. По населувањето на Словените во овие области, Коњух и околината паѓаат под јурисдикција на еписокопијата на Брегалница, а подоцна, со повторното ширење на византиската власт, под епископијата во Мородвис. Од средината на IX и во текот на Х век овие територии биле зафатени со акцијата за покрстување, раководена од Свети Климент Охридски, помогната од кнезовите Борис и Симеон. Старото име на градот не се среќава во изворите. На територијата нa деспотот Драгаш во 1373 година го наоѓаме под името Коњух, за кое се претпоставува дека било земено од словенската митологија. Во народната традиција и преданија ова големо (коњушко) Градиште е познато под името Коњух-град[3]. Во традицијата меѓу народот се смета дека ова било голем и важен град кој се наоѓал на крстосницата помеѓу старите и некогаш важни (кираџиски) патишта: еден од Кратово за Скопје наречен Долни Пат во правец исток-запад и друг од Крива Паланка и Страцин за Овче Поле и Велес во правец север-југ и покрај важниот камен мост со два свода кој бил главен премин преку Крива Река[3]. Во народното предание уште се вели дека жителите на овој голем и важен Коњух-град после уништувањето на населбата се иселиле во Солун, каде што имале свое посебно Коњушко Маало[3].

Ископини и пронајдоци[уреди | уреди извор]

Издлабен и обработен камен, недалеку од црквата Св. Ѓорѓи

Таму, во карпи, уште во 6 век биле издлабени мали одаи, одводи, канализација, резервоар за вода, па дури и скали. Тие постојат и денес. На горниот зарамнет дел има остатоци од стражарски кули и градска тврдина. На најтешко пристапниот терен, во стрмните карпи направено е светилиште, поголема просторија која има голем влез и прозорец. Од таму се гледаат рамницата, селските гробишта со стара разрушена црква и околните ридови на кои се наоѓа мегалитската опсерваторија Цоцев Камен. Под тврдината, околу триста метри јужно од Големо Градиште се наоѓа црквата "Свети Јован Крстител" која е изградена во 1955 година. Таа била направена на местото каде што е откриен Градот на воините или Златен град, како што го нарекуваат кратовци. И денес до црквата има остатоци од колективна гробница и стар храм "ротонда", направен од туф, зелен вулкански камен. Старата црква потекнува од 6 век и за неа археолозите сметаат дека е единствена во Македонија со таков облик. Според легендата се верува дека некаде под водата на Крива Река има влез кој води до некоја тајна соба што се наоѓа во средината на ридот. Таму имало фигура на жена пред која свети вечна светлина. До тајната соба може да се стигне само рано наутро. Каде одат шатките, од таму е влезот во градот. Според легентдата се претпоставува дека влезот во тврдината е во близина на мостот Ракле на Крива Река. Преку него се стигнува до селото Димонци кое од стариот град е оддалечено околу два километра.

Кружна црква - Ротонда (Мартириум)[уреди | уреди извор]

Остатоците од кружната црква - ротонда
Кружниот свод на апсидата

Во подножјето на Големо Градиште уште во 1919 година бил откриен црковен објект кој има посебно значење за истражувањето на почетоците и на развојот на црковната архитектура во Македонија. Забележан е од Никола Вулиќ и подоцна од С.Радојчиќ кој во 1952 година ги објавил неговите генерални податоци. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во 1989/90 година извел извесни ископувања заради податоци за изготвување на елаборат за конзервација. Конзерваторски мерки досега не се преземани, па објектот и понатаму е изложен на наворешните влијанија, но бидејќи во неговата најнепосредна близина е подгината црквата Св. Јован Крстител, целите ископини се оградени со железна мрежеста ограда.

Нацрт на основата на кружната црква

Според основата и внатрешното уредување црквата им припаѓа на градбите со централно решение и со купола. Од надворешната страна има форма на правоаголник во кој централниот простор има впишана кружна основа и е опашан со ходник со потковична форма, поставен на масивно ѕидани столбови и меноа. Должината на црквата изнесува 23 метри, а ширината од 7,50 до 14 метри. Во олтарниот простор е формиран амбулакрум. Зачувани се основите на епископската катедра, а од страните делови од синтроносите. Има остатоци и од олтарната преграда, поставена на 6 столба. Подот во презвитериумот е обложен со мермерни плoчки кои во техниката opus sectile формираат крст. Црквата имала раскошно изграден амвон од кој се најдени делови од архитектонската пластика од зелен песочник. На абакусот на еден од капителите има натпис ΔOMATRIRS кој се толкува како DOMUS MARTIRIS. Објектот како градски мартириум е датиран во времето на Јустинијан или по него, а може да се смести и на крајот од IV век. Црквата била посветена на големиот култ на евхаристијата, врз гроб или реликвии на некој голем маченик. Била определена како централна за поколонение на верниците од овој дел на Источен Илирик. Објектите со централно и осмоаголно (октогонално) решение од античкото време, со функција на мавозлеј, во старохристијанскиот период биле наменети за мартириум, а подоцна за крстилница (баптисериуми). Објектот под Големо Графиште бил долго и континуирано во употреба. Досегашните истражувања укажуваат дека како старохристијански храм мартириум имал важна улога во времето на покрстувањето на Словените во IX-X век.

Црква Свети Ѓорѓи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Црква „Св. Ѓорѓи - Коњух“.
Поглед на црквата Свети Ѓорѓи

Во подножјето на локалитетот, исто така, има остатоци од базиликална градба и една гробишна црква од XIV век, подигнати врз темели на постар црковен објект. Тоа е малата црква Свети Ѓорѓи која од неодамна е покриена со нов покрив, а во чија внатрешност кај олтарот има остатоци од живопис.

На 300 метри југозападно од наоѓалиштето и околу 400 m западно од остатоците на кружната црква - ротонда, во рамките на постоечките гробиштата на селото Коњух, стои без покрив црквата позната како Свети Ѓорѓи[4]. Зградата и гробиштата се изолирани од околните полиња со клисурите и до нив може лесно да се пристапи само од југоисточната страна. Црквата Свети Ѓорѓи се наоѓа на неколку метри источно од длабок дол низ која теч мал поток кој тече кон северен правец во Крива Река. Во долот во близина на црквата избива извор. Свети Ѓорѓи е еднобродна градба на црква со испакнати источна апсида. Должината изнесува околу 7 m, а широчината 4,5 метри[4]. Таа била изградена во дел од голем камени блокови, веројатно изваден од урнатините на античкиот град (Транупара); мали камења, тули и плочки, фрагменти, и малтер се пополни во празни места помеѓу блокови. Фрагмент на римски гроб е вграден на надворешната страна на јужниот ѕид[4]. Во внатрешноста се видливи дрвени греди, кои ја засилувале градбата. Употреба на помали камења и различната градежна техника, особено во близина на врвот на ѕидовите, укажува на интервенции, а можеби и нов покрив во некое време. Остатоците од покривот укажуваат дека и тој, исто така бил од камен[4]. Група на декоративна керамика се уште е зачувана низ источниот ѕид над апсидата. Три украсни ѕидани нишки ја разбиваат едноличноста на изгледот на надворешната страна на северниот ѕид. Тесен отвор за прозорец постои на релативно ниско ниво во апсидата и очигледено вториот прозорец се наоѓал на јужниот ѕид[4]. Само влезот е поставен на западниот ѕид[4]. Датумот кога покрив се урнал не е познат, но тоа му претходело на посетата Радојчиќ во 1938 година Двете вертикални плочи на олтарната преграда останале на самото место, како што е и основата на олтарот во подрачје зад олтарот[4]. Сериозно оштетени остатоци од фрески се уште се видливи на ѕидот на исток. Црквата е прогласена за "споменик на културата" е ставена под законска заштита во 1954 година под името Св Ѓорѓи[4]. Сепак, ниту оригиналниот светец на кој е посветена ниту датумот на изградба се познати; предложените датуми се од XIV до XVI век[4]. Радојчиќ, во своето истражување на локалитетот, на кратко ја опишал и запишал за оваа црква, со план и фотографија и ја идентификувал како црква на Светиот Архангел. Тој како доказ за ова идентификување ја наведува на фреската во сводот над влезот, сега исчезната без трага; но тој, всушност, тврдел напроти претходна идентификација на црквата како Свети Никола[4].

Галерија[уреди | уреди извор]

Ископини на градот и базилики
Кружна црква - „Ротонда“
Црква „Св. Ѓорѓи“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). „XV“ (на македонски). Археолошка карта на Република Македонија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 184. 
  2. Санев, Горан (2013). "Транупара" (македонски). Скопје: Археолошки музеј на Македонија и Гетисбург Колеџ. конс. 29 ноември 2016.  Text "Големо Градиште, Коњух" ignored (помош);
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Трифуноски, Јован. „1974“ (на српски). Кумановска област. Скопје. стр. 188. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 4,9 Snively, Carolyn S. Archaeological Investigation at Konjuh, Republic of Macedonia, in 2000 (на англиски). „Dumbarton Oaks Papers“ (Washington, D.C.: Dumbarton Oaks Research Library and Collection) (52): 297–306. http://www.doaks.org/resources/publications/dumbarton-oaks-papers/dop56/dp56ch17.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]