Голем Алабор

Координати: 40°33′N 22°31′E / 40.550° СГШ; 22.517° ИГД / 40.550; 22.517
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Големо Алабор)
Голем Алабор
Πρασινάδα
Голем Алабор is located in Грција
Голем Алабор
Голем Алабор
Местоположба во областа
Голем Алабор во рамките на Гида (општина)
Голем Алабор
Местоположба на Голем Алабор во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°31′E / 40.550° СГШ; 22.517° ИГД / 40.550; 22.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно281
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Голем Алабор (грчки: Πρασινάδα, Прасинада; до 1953 година: Μέγα Αλάμπορο, Мега Алампоро[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу дваесетина километри југоисточно од градот Гида, во близина на железничката пруга која од градот Солун и селото Плати, води за градовите Катерина и Атина, на надморска височина од 3 метри.[3]

Сместено е во областа Урумлак, на левиот брег на реката Бистрица.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото отсекогаш било населено со грчко население.[3]

Во 1953 година селото било преименувано во Прасинада (Πρασινάδα).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство, обработувајќи сопствени површини, како што си останало уште од турско време. Благодарение на богатата почва, на извршените мелиорации и на изградениот наводнувачки систем од водите на реката Бистрица, земјата дава високи приноси. Главно се произведува памук, пченица, шеќерна репка и други земјоделски производи. Воедно, прилично е развиено и овоштарството, а дел од населението се занимава и со краварство.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Голем Алабор, Берска каза, живееле 110 Грци христијани.[3][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Големо Алабор (Golemo-Alabor) живееле 100 Грци.[5]

Во 1913 година, селото било попишано со 229, во 1920 година со 249, во 1928 година со 256 (од кои само двајца бегалци), во 1940 година со 339, во 1951 година со 531, во 1961 година со 395, во 1971 година со 260, во 1981 година со 359, а во 1991 година со 317 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 366 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 281 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 339 531 395 260 359 317 366 281
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голем Алабор, во кој покрај Голем Алабор влегуваат и селата Мал Алабор и Мало Нишел.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέγα Αλάμπορο -- Πρασινάδα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 8.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 145.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.