Големи и мали (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големи и мали (роман)  
АвторБошко Смаќоски
Наслов на
оригиналот
Големи и мали
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачНИП Нова Македонија
Издадена1966
Страници79

Големи и малироман за деца, напишан од македонскиот писател Бошко Смаќоски. За првпат, романот е објавен во 1966 година, во издание на Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, како осма книга во рамките на библиотекатаРазвигор“.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Романот е отпечатен во 1966 година, во печатницатаНова Македонија“, во тираж од 12.000 примероци. Техничкото уредување е дело на Миле Арсовски, лектурата ја извршила Лидија Ежова, а коректор била Елена Павлова. Книгата има 79 страници, а покрај романот, таа содржи и основни биографски податоци за авторот. Романот е првиот подолг прозен текст на Бошко Смаќоски и за него, тој ја добил првата награда на конкурсот на „Детска радост“, во 1966 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

На улицата „Караорманска“ живее детето Диме, наречено Диме Такси, бидејќи тој постојано им го носи багажот на луѓето кои се населуваат или доаѓаат на гости во таа улица. Еднаш, во улицата доаѓа еден човек,по име Стево,кој се сместува во станот на тетка Донка, чиј сопруг е вo затвор. Потстанарот добива бројни домашни обврски во куќата, а тетка Донка постојано се кара со соседите. Во улицата живеат луѓе со различни карактери, а децата прават бројни палавштини. Сепак, децата од улицата одржуваат состаноци на кои ги решаваат проблемите. Така, кога ќе се разболи судијата, децата му помагаат да оздрави. Тогаш, тој оди на родителската средба како татко на детето Ѓоре, кој живее само со својата мајка, сиромашната чистачка. Исто така, судијата помага мажот на Донка побрзо да излезе од затворот. По неговото враќање, потстанарот се сели во друг стан на соседната улица.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бошко Смаќоски, Големи и мали, Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, Скопје, 1966.
  2. Бошко Смаќоски, Големи и мали, Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, Скопје, 1966.