Големиот грабеж на воз (филм од 1903)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Големот грабеж на воз (англиски: The Great Train Robbery) - американски филм од 1903 година, во режија на Едвин С. Портер. Ова е првиот „наративен“ филм во историјата, т.е. филм во кој има целосна приказна. Во 1990 година, филмот бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Група каубои-бандити напаѓаат воз при што прво го онеспособуваат екипажот, а потоа го запираат возот и ги ограбуваат патниците. За тоа време, шерифот и неговите помошници се забавуваат, но откако ги алармираат за случката, тие тргнуваат во потрага по крадците. Каубоите се кријат во една шума, но таму пристигнува шерифот со помошниците при што започнува престрелка меѓу двете страни во која погинуваат ограбувачите на возот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]