Големиот газда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Големиот газда (кинески: 唐山大兄; англиски: The Big Boss) - хонконшки филм од 1971 година, во режија на Веј Ло (Wei Lo). Главните улоги ги толкуваат: Брус Ли, Марија Ји (Maria Yi), Џејмс Тјен (James Tien), Јинг-Чие Хан (Ying-Chieh Han), Тони Лиу (Tony Liu) итн.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Ченг Чао-ан (го игра Брус Ли) доаѓа во еден град за да бара работа и сместува кај својот роднина Шу (го игра Тјен), чија сестра, Чоу Меј (ја игра Ји) веднаш покажува симпатија кон него. Ченг носи медалјон, подарок од мајка му на која ѝ се заколнал дека нема да се тепа. Набргу, тој наоѓа работа во локалната фабрика за мраз. Еднаш, поради неговата невнимателност, едно големо парче мраз се крши и двајца работници наоѓаат дрога скриена во мразот. По завршувањето на работниот ден, директорот на фирмата ги повикува двајцата работници со намера да ги поткупи, а кога тие ја одбиваат понудата, луѓето на газдата на фабриката ги убиваат работниците. Шу оди во домот на газдата (го игра Хан), заканувајќи дека ќе го пријави случајот во полицијата, но и тој е убиен. Поради исчезнувањето на другарите, работниците во фабрикаат креваат бунт што директорот се обидува насилно да го прекине, но тогаш во тепачката се вклучува Ченг и работниците победуваат, а Ченг е назначен за нов надзорник. На почетокот, тој ужива во привилегиите на неговата функција, но подоцна дознава за дрогата и тајно влегува во фабриката, каде открива неколку тела (меѓи нив и она на Шу), скриени во мразот. Тогаш, во фабриката доаѓа синот на газдата (го игра Лиу) со група силеџии и започнува борба во која Џенг излегува како победник. Во меѓувреме, луѓето на газдата на фабриката влегуваат во домот на Чоу Меј и ја грабнуваат, убивајќи го најзиниот помал брат и работниците кои живеат во куќата. Кога Ченг го здогледува ужасот, тој веднаш оди во домот на газдата, се бори со него и најпосле го убива. Чоу Меј ја повикува полицијата и Ченг е уапсен.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]