Големиот брат (Србија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Големиот брат)
Veliki brat
Големиот брат
Жанрреалити шоу
Земја на потекло Србија
Македонија Македонија
 Босна и Херцеговина
Црна Гора Црна Гора
Првичен јазикСрпско-хрватски, Македонски
Бр. на сезони3 Големиот брат
5 ВИП Големиот брат
Производство
Продуцент(и)Emotion Production
МестоположбаБелград, Србија
Прикажување
Првично прикажување2006 – 2015
Надворешни врски
Мрежна страницаvbvip4.velikibrat.rs

Големиот брат (на Српски латиница: Veliki brat; Српски кирилица: Велики брат) е реалити шоу, снимано и продуцирано во Белград, Србија. Локална верзија е на шоуто Big Brother, и во него се вклучени најмногу натпреварувачи од Србија, заедно со некои од Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Продуцирано од Емоушн продукција, првата сезона заврши во есента 2006 и беше прикажувана на телевизијата Б92 во Србија, и на локалните канали на РТВ Пинк во Црна Гора и Босна и Херцеговина (Пинк М и Пинк БХ, соодветно). Специјалната сезона со познатите личности запона на 5 мај 2007 година.

Втората сезона започна на 22 септември 2007 и заврши порано, на 28 декември 2007, поради смртта на трите поранешни станари на куќата.

Во 2009, Големиот брат се префрли на Пинк ТВ во Србија, за сезоната VIP All Stars. Регуларното издание сѐ уште е пренесувано од Б92. На македонските граѓани исто така им беше овозможено да учествуваат и македонската телевизија А1 ги доби правата за пренесување на шоуто на нашата територија.

Формат[уреди | уреди извор]

Шоуто е во сопственост на Ендемол. Дванаесет или повеќе луѓе живеат во куќа околу 100 дена, така што секоја недела се исфрла по еден станар. Станарите немаат контакт со надворешниот свет, вкучувајќи други луѓе, весници, телевизија, радио или интернет. На станарите им се задавани задачи секоја недела, а плус и некои дневни. За победникот има награда од 100,000. Правилата се менуваат, на пример некои станари можат да влезат во ќуќата по стартот на шоуто или пак исфрлените повтороно да се вратат.

Логото со окото за првата сезона е копија на окото од Big Brother 2005 (ВБ).

Сезони и победници[уреди | уреди извор]

Сезона Година Држава Победник
Прва сезона 2006.  Србија,  Црна Гора,  Босна и Херцеговина Иван Љуба
ВИП прва сезона 2007. Саша Ќурчиќ „Џани”
Втора сезона 2007. прекината
ВИП втора сезона 2008. Мирјана „Мими” Ќуровиќ
ВИП трета сезона 2009. Мирослав „Мики” Ќуричиќ
Трета сезона 2009. Македонија Македонија Владимир Арсиќ „Арса”
ВИП четврта сезона 2010. Милан Мариќ „Шваба”
Четврта сезона 2011.  Хрватска Маријана Чврљак
ВИП петта сезона 2013. Жарко Стојановиќ
Петта сезона 2015 Дарко „Спејко” Петковски
  • Шоуто завршило порано од предвиденото без победник, поради смртта на три поранешни станари во сообраќајна несреќа. Наградата била поделена меѓу седумтте станари коишто останале во куќата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]