Големиот Лебовски (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Големиот Лебовски е американски филм на режисерите Џоел и Итан Коен.

Факти за филмот[уреди | уреди извор]

Филмот „Големиот Лебовски“ е филм на режисерите Џоел и Итан Коен, а главните улоги ги толкуваат Џеф Бриџис, Џон Гудман и Џулиен Мур.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Џеф Лебовски (го глуми Џеф Бриџис) е поранешен радикален хипик, кој го минува животот во кугланата, заедно со своето друштво, пушејќи марихуана. Но, неговиот живот се менува драстично, кога случајно ќе го помешаат со еден пропаднат милионер, чија жена направила големи долгови кои некој мора да ги плати. Затоа, Џеф оди кај вистинскиот Лебовски за да го расчисти недоразбирањето, но тогаш му се случуваат неочекувани и бизарни случки.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 17.