Голема идеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географска карта на Мегали идејата - Голема Грција - Елефтериос Венизелос, творецот на Мегали идејата

Големата Идеја (грчки: Μεγάλη Ιδέα) за една нова голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија се појавила уште во мислите на Ригас и била разработена од „Етеријата” (1821), врз основа на која потоа израснала грчката националистичка пропаганда во Македонија што во определени видови живее сè до денеска. Целта била да се создаде голема Грција која ќе биде на два континенти (Европа и Азија) и пет мориња (Егејско, Јонско, Црно, Мраморно и Средоземно Море).

Грчката независност и проширувањето[уреди | уреди извор]

Независноста[уреди | уреди извор]

Грчкото востание за независност од Османлиското Царство започнало во март 1821 г. Грците имале голема поддршка како од европските така и од балканските народи. Во востанието на страната на Османлиското Царство застанал Египет, а на страната на Грција застанале Франција, Велика Британија и Руската Империја. Голем број на доброволци од Европа пристигнале да се борат за независна Грција, меѓу кои англискиот поет Џорџ Гордон Бајрон. Грција добила независност во 1831 г. На нејзино чело доаѓа кралот Ото I син на кралот на германската држава Баварија, Лудвиг I. Границите на независна Грција скоро и да не се разликувале со границите на грчките полиси од антиката.

Карта на Грција направена во 1843 од французинот Alexandre Vuillemin

Проширувањето[уреди | уреди извор]

Во 1863 г. на чело на чело на Грција синот на данскиот крал Константин IX, Георг, кој станал грчки крал под името Георгис I(владеел до 1913 год). Негова супруга била принцезата Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови.Георгис I успева значително да ја прошири територијата на Грција како на грчки така и на негрчки територии според следниов редослед:

  • 1864 год. ги добила Јонските Острови од Британија
  • 1881 год. ја добила Тесалија и мал дел од Епир од Османлиското Царство [1] }}

Во 1909 г. на чело на грчката влада доаѓа Елефтерос Венизелос. Грција учествувала во Балканските војни на страната на Бугарија, Србија и Црна Гора во Првата и против Бугарија во Втората балканска војна.

  • 1913 год. ја добила Егејска Македонија, Крит, острови во Егејско Море и поголемиот дел од Епир

Со ова Грција како планинска земја ги добила плодните полиња од северот (меѓу кои и Солунското) што ќе придонесе за нејзин забзан развој.

  • 1919 со Нејскиот мировен договор поразената Бугарија во Првата светска војна ја отстапила Западна Тракија
  • 1920 со договорот во Севр поразената Турција во Првата светска војна ја отстапила Источна Тракија и регионот Смирна

За Турција да ги почитува одредбите од овој договор Грција ја започнала Грчко - Турската војна (1920-1922), но била поразена и во

  • 1923 год. го вратила регионот Смирна и мал дел од Источна Тракија на Турција
  • 1947 год. поразена Италија во Втората светска војна и ги отстапува Додеканските острови на Грција

Политика на асимилација и денационализација на населението[уреди | уреди извор]

Територијално проширување на Грција (1832-1947).

Во добиените негрчки теритотории со нивното заземање Грција води политика на асимилација и денационализација на населението вклучувајќи ги и Македонците. Таа вршела етничко чистење со следниве постапки:

  • Со Конвенцијата во 1919 г. меѓу Грција и Бугарија за доброволно иселување на населението Македонците од Егејска Македонија и Бугарите од Западна Тракија да заминат во Бугарија, а Грците од Бугарија да заминат во Грција. Ова „доброволно иселување“ станало присилно, па така 86000 Македонци од Егејскиот дел се иселиле во Бугарија
  • Со Лозанскиот договор меѓу Турција и Грција било потпишана задолжителна размена на населенето. Христијаните од Турција заминале во Грција, а Муслиманите од Грција заминале во Турција. Така од Грција заминале 350000 Муслимани од кои 40000 биле Македонци.Таа го колонизирала Егејскиот дел со 618000 Грци.
  • Во 1926 г. бил донесен закон за промена на топонимијата во Егејска Македонија. Сите села, градови, реки, езера, планини и др. биле прекрстени и добиле грчки имиња. Па така Солун станал Тесалоники, Кукуш станал Килкис и др.
  • Македонците биле принудени да ги сменат своите имиња и презимиња со грчки
  • Со воведување на диктатурата на Метаксас во 1936 г. била забранета употребата на словенски јазик не само надвор, туку и во рамките на домот. Биле отворени вечерни училишта каде што Македонците без разлика на нивната возраст биле принудени да го учат грчкиот јазик. Грчката полиција ноќе ги прислушкувале Македонците и кој ќе го зборувал својот мајчин јазик бил тешко казнуван. Поради тоа над 5000 Македонци биле осудени и затворени.
  • Во Грчко-Италијанската војна голен број Македонци биле присилно мобилизирани да се борат на страната на Грција во битките кај Морава, Иван Планина и др.
  • По поразот на ДАГ во граѓанската војна 30000 Македонци и многу Грци емигрирале во источните земји. Во Граѓанската војна 20000 ги положиле животите за слободата на својот народ
  • Со изборите во 1974 г. кога победила Социјалистичката партија на Грција со спровело политика на национално помирување, со што им било дозволено на сите Грци кои ја напуштиле Грција по Граѓанската војна да се вратат и да им се врати имотот, но тоа не важело и за Македонците.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Историја на Македонскиот народ, книга втора, издава НИП Нова Македонија - заедница за издавачка дејност: книги, периодика и публицистка - Скопје, Скопје, 1969