Голема турска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Голема Турска војна)
Голема турска војна
Дел од Отоманско-хабсбуршки војни, Отоманско-полски војни, Отоманско-хрватски војни, Отоманско-венецијански војни, Отоманско-унгарски војни и Руско-турски војни

Опсада на Виена (1683)
Датум 14 јули 1683 – 26 јануари 1699
(15 години, 6 месеци, 1 недела и 5 денови)
Место Австрија, Унгарија, Балкан, Полско-литванска Државна Заедница и Кримско ханство
Исход
Територијални
промени
* Хабсбуршката Монархија добива земји во Отоманска Унгарија, Кнежевството Трансилванија и на Балканот
Завојувани страни
 Свето Римско Царство

Полска-Литванија
Царство Русија

Венеција
 Шпанско Царство
Црна Гора
Српски востаници
Грчки востаници
Бугарски востаници
Романски востаници
Албански востаници
Македонски востаници

Отоманско Царство

Вазални земји:

Команданти и водачи
Свето Римско Царство Леополд I
Свето Римско Царство Еуген Савојски
Свето Римско Царство Карло V
Свето Римско Царство Лудвиг Вилхелм Баденски
Свето Римско Царство Ернст Штархемберг (РВБ)
Свето Римско Царство Силвио Пиколомини
Свето Римско Царство Хајслер фон Хајтерсхајм 
Миклос Ердоди
Свето Римско Царство Џејмс Лесли
Свето Римско Царство Јосиф Херберштејн
Свето Римско Царство Павле Несторовиќ
Свето Римско Царство Јован Монастерлија
Предлошка:Country data Electorate of Bavaria Максимилијан II Емануел
Изборно Кнежевство Саксонија Јохан Георг III
Изборно Кнежевство Саксонија Август II Силниот
Јован III Собиески
Јован Казимир
Станислав Јаблоновски
Феликс Потоцки
Петар Велики
Василиј Голицин
Иван Самојлович
Франческо Моросини
Ото Вилхем Конигсмарк
Бајо Пивљанин 
Мехмед IV
Сулејман II
Ахмед II
Мустафа II
Кара Мустафа-паша Executed
Амџазаде Ќопрулу Хусеин-паша
Кара Ибрахим-паша
Елмас Мехмед-паша
Сари Сулејман-паша
Мецо Морто Хусеин-паша
Селим I Гирај
Али-паша Албанецот
Имрих Токоли
Ѓорѓи Дука зароб.
Шербан Кантакузин
Константин Бранковјану
Сила
88,100 (годишен просек)[1]
Жртви и загуби
384,000 војници загинале од сите страни (120.000 убиени и 180.000 ранети во борба; други смртни случаи главно од болести)[2]

Големата турска војна (германски: Großer Türkenkrieg), наречена и Војна на Светата лига (турски: Kutsal İttifak Savaşları) — серија судири помеѓу Отоманското Царство и Светата лига составена од Светото Римско Царство, Полска-Литванија, Венеција, Русија и Хабсбуршка Унгарија. Интензивните борби започнале во 1683 година и завршиле со потпишувањето на Договорот од Карловци во 1699 година. Војната претставува пораз за Отоманското Царство, која за прв пат изгубила голема територија, во Унгарија и Полска-Литванија, како и дел од Западен Балкан. Војната била значајна и со тоа што првпат Русија се вклучила во сојуз со Западна Европа.

Северен Балкан во 1683 година, пред војната. Северозападниот дел е прикажан дека им припаѓа на Хабсбурзите, најголемиот дел од Балканот под Османлиите, а крајниот североисточен дел е полски.

      Хабсбуршка Монархија

    Отоманско Царство
Северен Балкан, по Договорот од Карловци .

    Хабсбуршка Монархија

      Отоманско Царство

Французите не се приклучиле на Светата лига, бидејќи се согласиле да го обноват неформалниот француско-отомански сојуз во 1673 година, во замена Луј XIV да биде признат како заштитник на католиците во Отоманското Царство.

Првично, Луј XIV го искористил почетокот на војната за да ги прошири своите источни граници во војната со Шпанија, земајќи ги Луксембург и Стразбур. Меѓутоа, додека Светата лига постигнувала придобивки против Отоманското Царство, заземајќи го Белград до 1688 година, Французите почнале да се грижат дека нивните ривали од Хабсбург ќе станат премногу моќни и на крајот ќе се свртат кон Франција. Славната револуција била предмет на загриженост и за Французите, бидејќи Вилијам III бил поканет од англиските благородници да ја преземе контролата врз Англија како крал. Затоа, Французите го опседнале Филипсбург на 27 септември 1688 година, кршејќи го примирјето и ја активирале одвоената Деветгодишна војна, која ги ослободила Турците.

Како резултат на тоа, напредокот што го направила Светата лига заглавил, дозволувајќи им на Османлиите да го вратат Белград во 1690 година. Војната потоа паднала во ќор-сокак, а мирот бил склучен во 1699 година, кој започнал по битката кај Сента во 1697 година, кога отоманскиот обид да ги врати изгубените поседи во Унгарија бил спречен од Светата лига.

Војната во голема мера се поклопила со Деветгодишната војна (1688–1697), која го зазела огромното мнозинство на вниманието на Хабсбурговците додека била активна. Во 1695 година, на пример, државите на Светото Римско Царство имаа 280.000 војници на терен, а Англија, Холандската Република и Шпанија придонеле со уште 156.000 во судирот против Франција. Од тие 280.000, само 74.000, или околу една четвртина, биле позиционирани против Османлиите; останатите се бореле со Франција.[3] Севкупно, од 1683 до 1699 година, царските држави имале во просек 88.100 мажи кои се бореле против Турците, додека од 1689 до 1697 година, тие имале просечно 127.410 борци против Французите.[4]

Позадина (1667–1683)[уреди | уреди извор]

По бунтот на Богдан Хмелницки, Царство Русија во 1654 година стекнало територии од Полско-литванската Заедницата (денес делови од Источна Украина), додека некои Козаци останале во југоисточниот дел на Заедницата. Нивниот водач, Петро Дорошенко, побарал заштита од Отоманското Царство и во 1667 година го нападнал полскиот командант Јован Собиески.

Султанот Мехмед IV, кој знаел дека Полско-литванската Заедница е ослабена поради внатрешните судири, во август 1672 година го нападнал Каменец Подолски, голем град на границата на Полско-литванската Заедница. Малата полска сила се спротивставила на опсадата на Каменец две недели, но потоа била принудена да се предаде. Полската армија била премала за да се спротивстави на османлиската инвазија и можела да постигне само некои помали тактички победи. По три месеци, Полјаците биле принудени да го потпишат договорот од Бучач со кој се согласиле да го отстапат Каменец, Подолија и да им платат данок на Османлиите. Кога веста за поразот и условите на договорот стигнале до Варшава, Сејмот одбил да плати данок и организирал голема војска под Собиески; последователно, Полјаците победиле во битката кај Хотин (1673). По смртта на кралот Михаил во 1673 година, Собиески бил избран за крал на Полска. Четири години се обидувал да ги победи Османлиите, но без успех. Војната завршила на 17 октомври 1676 година со Договорот од Журавно во кој Турците ја задржале само контролата над Каменец Подолски. Овој турски напад, исто така, довел во 1676 година до почетокот на Руско-турските војни.

Преглед[уреди | уреди извор]

По неколку години мир, Отоманското Царство, охрабрено од успесите на западниот дел на Полско-литванската Заедница, ја нападнала Хабсбуршката Монархија. Османлиите за малку ќе ја освоиле Виена, но Јован III Собиески водел христијански сојуз кој ги поразил во битката кај Виена (1683), запирајќи ја хегемонијата на Отоманското Царство во југоисточна Европа.

Новата Света лига била иницирана од папата Инокентиј XI и во неа биле вклучени Светото Римско Царство (на чело со Хабсбуршка Австрија), Полско-литванската Заедница и Венецијанската Република во 1684 година,[5] на која и се придружила и Русија во 1686 година. Втората Мохачка битка (1687) претставувала голем пораз за султанот. Турците биле поуспешни на полскиот фронт и можеле да ја задржат Подолија за време на нивните битки со Заедницата.

Вклучувањето на Русија било првпат земјата формално да се приклучи на сојузот на европските сили. Ова било и почеток на серијата Руско-турски војни, од кои последната се одвила во текот на Првата светска војна. Како резултат на Кримскиот и Азовскиот поход, Русија ја зазела клучната отоманска тврдина Азов.

По одлучувачката битка кај Сента во 1697 година и помалите престрелки (како што е битката кај Подхајци во 1698 година), Лигата победила во војната во 1699 година и го принудила Отоманското Царство да го потпише Договорот од Карловци .[6] Османлиите и отстапиле поголем дел од Унгарија, Трансилванија и Славонија, како и делови од Хрватска, на Хабсбуршката Монархија, додека Подолија се вратила во Полска. Поголемиот дел од Далмација преминала во рацете на Венеција, заедно со Мореја (полуостровот Пелопонез), кој Османлиите повторно го освоиле во 1715 година и се вратиле со Договорот од Пажаревац од 1718 година.

Србија[уреди | уреди извор]

Мустафа II дошол на власт за време на војната, каде што лично командувал со Османлиската армија.

Откако сојузничките христијански сили гоосвоиле Будим во 1686 година за време на Големата турска војна, Србите од Панонската рамнина (денешна Унгарија, регионот Славонија во денешна Хрватска, регионите Бачка и Банат во денешна Србија) се приклучиле на трупите на Хабсбуршката Монархија како посебни единици познати како Српска милиција.[7] Србите, како доброволци, масовно се приклучиле на страната на Хабсбург.[8] Во првата половина на 1688 година, хабсбуршката војска, заедно со единиците на српската милиција, ги зазеле Ѓула, Липова и Инеу од Отоманското Царство.[7] По заземањето на Белград од Османлиите во 1688 година, Србите од териториите на југот на реките Сава и Дунав почнале да се приклучуваат на единиците на српската милиција.[7]

Косово[уреди | уреди извор]

Косовскиот Албанец, римокатоличкиот бискуп и филозоф Петар Богдани се вратил на Балканот во март 1686 година и ги поминал следните години промовирајќи отпор кон војските на Отоманското Царство, особено во неговото родно Косово. Тој и неговиот викар Тома Распасани одигралеа водечка улога во проавстриското движење во Косово за време на Големата турска војна.[9] Тој приложил сила од 6.000 албански војници во австриската војска која пристигнала во Приштина и ја придружувала за да го заземе Призрен. Меѓутоа, таму, тој и голем дел од неговата војска ги сретнал уште еден подеднакво застрашувачки противник, чумата. Богдани се вратил во Приштина, но таму ѝ подлегнал на болеста на 6 декември 1689 година [10] Неговиот внук, Ѓерѓ Богдани, во 1698 година пријавил дека посмртните останки на неговиот вујко подоцна биле ексхумирани од турски и татарски војници и ги нахраниле кучињата на средината на плоштадот во Приштина.

Поврзани војни[уреди | уреди извор]

Морејска војна[уреди | уреди извор]

Венеција држела неколку острови во Егејското и Јонското море, заедно со стратешки позиционирани тврдини долж брегот на грчкото копно од расцепувањето на Византија по Четвртата крстоносна војна. Меѓутоа, со подемот на Османлиите, во текот на 16-тиот и почетокот на 17-тиот век, тие ги изгубиле повеќето од нив, како што се Кипар и Евбеја (Негропонте) од Турците. Помеѓу 1645 и 1669 година, Венецијанците и Османлиите воделе долга и скапа војна за последниот голем венецијански посед во Егејското Море, Крит. За време на оваа војна, венецијанскиот командант Франческо Морозини стапил во контакт со бунтовните Маниоти за заедничка кампања во Мореја. Во 1659 година, Морозини пристигнал во Мореја и заедно со Маниоти ја зазел Каламата. Меѓутоа, набргу потоа бил принуден да се врати на Крит, а потфатот на Пелопонез пропаднал.

Во 1683 година, избувнала нова војна помеѓу Хабсбуршката Монархија и Османлиите, при што голема отоманска војска напредувала кон Виена. Како одговор на ова, била формирана Света лига. Откако османлиската војска била поразена во битката кај Виена, Венецијанците решиле да ја искористат можноста за слабеење на османлиската моќ и нејзиното одвраќање на Дунавскиот фронт за повторно да ги освојат нејзините изгубени територии во Егејското Море и Далмација. На 25 април 1684 година, била објавена војна на Османлиите.[11]

Свесна дека ќе мора да се потпре на сопствените сили за успех, Венеција се подготвила за војната обезбедувајќи финансиска и воена помош со мажи и бродови од витезите од Малта, Војводството Савоја, Папските Држави и витезите на Св. Стефан. Покрај тоа, Венецијанците запишале голем број платеници од Италија и германските покраини, особено од Саксонија и Бранзвик.

Операции во Јонското Море[уреди | уреди извор]

Во средината на јуни, венецијанската флота се преселила од Јадранското Море кон отоманските Јонски Острови кои. Првата цел бил островот Лефкада (Санта Маура), кој паднал по кратка опсада од 16 дена, на 6 август 1684 година. Венецијанците, потпомогнати од грчките нередовни сили, потоа преминале на копното и почнале да вршат напади на спротивниот брег на Акарнанија. Поголемиот дел од областа наскоро бил под венецијанска контрола, а падот на тврдините Превеза и Воница кон крајот на септември ги отстранило последните османлиски бастиони.[12] Овие рани успеси биле важни за Венецијанците не само поради морални причини, туку затоа што тие ја обезбедиле нивната комуникација со Венеција, и им ја негирале на Османлиите можноста да им се закануваат на Јонските острови или да превезуваат војници преку Западна Грција до Пелопонез, и затоа што овие успеси ги поттикнувале самите Грци да соработуваат со нив против Османлиите.

Освојувањето на Мореја[уреди | уреди извор]

Откако ја обезбедиле задната страна во текот на претходната година, Моросини го насочил својот поглед кон Пелопонез, каде што Грците, особено Маниотите, почнале да покажуваат знаци на револт и комуницирале со Морозини, ветувајќи му дека ќе се кренат во негова помош. Исмаил-паша, новиот воен командант на Мореја, дознал за ова и го нападнал полуостровот Мани со 10.000 луѓе, зајакнувајќи се со трите тврдини што Османлиите веќе ги гранатирале и ги принудил Маниотите да се откажат од заложниците за да ја обезбедат нивната лојалност.[13] Како резултат на тоа, Маниотите останале непосветени кога, на 25 јуни 1685 година, венецијанската војска, со 8.100 луѓе, слетала надвор од поранешната венецијанска тврдина Корони и ја опсадила. Замокот се предал по 49 дена, на 11 август, а гарнизонот бил масакриран. По овој успех, Морозини тргнал со своите трупи кон градот Каламата, со цел да ги поттикне Маниотите на бунт. Венецијанската војска, засилена со 3.300 Саксонци и под команда на генералот Ханибал фон Дегенфелд, поразил турска сила од околу. 10.000 сили надвор од Каламата на 14 септември, а до крајот на месецот, цел Мани и голем дел од Месенија биле под венецијанска контрола.[14][15]

Нафплион, или Наполи ди Ромања, во средината на 16 век

Во октомври 1685 година, венецијанската војска се повлекла на Јонските острови, каде што избувнала чума, нешто што ќе се случува редовно во следните години, и ќе одземе голем данок за венецијанската војска, особено меѓу германските контингенти. Во април 1686 година, Венецијанците помогнале да се одбие отоманскиот напад кој се заканувал да го совлада Мани и биле засилени од Папската држава и Тоскана. Шведскиот маршал Ото Вилхелм Кенигсмарк бил назначен за шеф на копнените сили, додека Морозини ја задржал командата на флотата. На 3 јуни Кенигсмарк го зазел Пилос и ја опсадил тврдината Наварино. На 16 јуни била поразена помошната сила под водство на Исмаилл-паша, а следниот ден тврдината се предала. Гарнизонот и муслиманското население биле пренесени во Триполи.[16] Метони (Модон) следел на 7 јули, откако делотворно бомбардирање ги уништил ѕидините на тврдината, а нејзините жители исто така биле префрлени во Триполи.[17] Венецијанците потоа напредувале кон Аргос и Нафплион, кој тогаш бил најважниот град на Пелопонез. Венецијанската војска, околу 12.000 сили, слетале околу Нафплион помеѓу 30 јули и 4 август. Кенигсмарк веднаш започнал напад на ридот Паламиди, тогаш неутврден, кој гледал на градот. И покрај успехот на Венецијанците да го заземат Паламиди, доаѓањето на 7.000 силна османлиска војска под водство на Исмаил-паша во Аргос ја отежнало нивната позиција. Првичниот напад на Венецијанците успеала да го заземе Аргос и да го принуди пашата да се повлече во Коринт, но по две недели, од 16 август, силите на Кенигсмарк биле принудени континуирано да ги одбиваат нападите од силите на Исмаил-паша. На 29 август 1686 година Исмаил-паша го нападнал венецијанскиот логор, но бил тешко поразен. Со поразот на војската за помош, Нафплион бил принуден да се предаде на 3 септември [18] Веста за оваа голема победа во Венеција била дочекана со радост и славење. Нафплион станал главната база на Венецијанците, додека Исмаил-паша се повлекол во Ахаја откако ги зајакнал гарнизоните во Коринт, кои го контролирале преминот кон Централна Грција.[19]

И покрај загубите од чумата во текот на есента и зимата 1686 година, силите на Морозини биле надополнети со пристигнувањето на новиот германски платенички корпус од Хановер во пролетта 1687 година. Така зајакнат, тој можел да се движи против последниот голем отомански бастион на Пелопонез, градот Патра и тврдината Рион, која заедно со нејзиниот близнак во Антирион го контролирал влезот во Коринтскиот Залив („Малите Дарданели“). На 22 јули 1687 година, Морозини, со сила од 14.000 лица, слетал надвор од Патра, каде што се воспоставил новиот отомански командант Мехмед-паша. Мехмед, со армија со приближно еднаква големина, ја нападнал венецијанската сила веднаш по нејзиното слетување, но бил поразен и принуден да се повлече. Во овој момент, паниката се проширила меѓу османлиските сили, а Венецијанците можеле, за неколку дена, да ја освојат тврдината на Патра и тврдините Рион, Антирион и Нафпактос (Лепанто) без никакво противење, бидејќи нивните гарнизони ги напуштиле. Овој нов успех предизвикал голема радост во Венеција, а почестите биле натрупани за Морозини и неговите офицери. Морозини ја добил победничката титула „Пелопонез“, а неговата бронзена биста била изложена во Големата сала, нешто што дотогаш не било направено за жив граѓанин.[20] Венецијанците го следеле овој успех со намалувањето на последните османлиски бастиони на Пелопонез, вклучувајќи го Коринт, кој бил окупиран на 7 август,[21] и Мистра, која се предала подоцна во текот на месецот. Пелопонез бил под целосна венецијанска контрола, а само тврдината Монемвасија (Малвазија) на југоисток продолжила да се спротивставува, држејќи се до 1690 година.

Полско-османлиска војна (1683-1699)[уреди | уреди извор]

По неколку години мир, Отоманското Царство повторно ја нападнал Хабсбуршката Монархија. Турците речиси го зазеле главниот град Виена, но кралот на Полска Јован III Собиески водел христијански сојуз кој ги поразил во битката кај Виена, која ја разнишала хегемонијата на Отоманското Царство во југоисточна Европа.[22]

Новата Света лига била иницирана од папата Инокентиј XI и го опфатила Светото Римско Царство (на чело со Хабсбуршка Австрија), на која и се приклучиле Венецијанската Република и Полска во 1684 година и Царство Русија во 1686 година. Османлиите претрпеле два одлучувачки порази против Светото Римско Царство: втората Мохачка битка во 1687 година и битката кај Сента една деценија подоцна, во 1697 година.

На помалиот полски фронт, по битките во 1683 година (Виена и Паркани), Собиески, по неговиот предлог Лигата да започне голема координирана офанзива, презел прилично неуспешна офанзива во Молдавија во 1686 година. Во следните четири години Полска ја блокирала клучната тврдина во Каменец, а отоманските Татари ги напаѓале пограничните области. Во 1691 година, Собиески презел уште една експедиција во Молдавија, со малку подобри резултати, но сепак без одлучувачки победи.[23]

Последната битка од кампањата била битката кај Подхајци во 1698 година, каде што полскиот хетман Феликс Казимир Потоцки го поразил отоманскиот упад во Полско-литванската Заедница. Лигата ја добила војната во 1699 година и го принудило Отоманското Царство да го потпише Договорот од Карловци . Османлиите на тој начин изгубиле голем дел од своите европски поседи, а Подолија (вклучувајќи го и Каменец) се вратила во Полска.

Руско-турска војна (1686-1700)[уреди | уреди извор]

За време на војната, руската армија ги организирала походите на Крим од 1687 и 1689 година, кои завршиле со руски порази.[24] И покрај овие неуспеси, Русија ги започнала походите во Азов во 1695 и 1696 година, а по подигнувањето на опсадата во 1695 година [25] успешно го окупирала Азов во 1696 година.

Битка кај Виена[уреди | уреди извор]

Релјефот на Виена од Бакиарели - кралот Јован III Полски и Голем војвода од Литванија

Заземањето на градот Виена долго време претставувало стратешка аспирација на Отоманското Царство, поради неговата испреплетена контрола над Дунавска (Црно Море до Западна Европа) јужна Европа и копнените (Источен Медитеран до Германија) трговските патишта. Во текот на годините пред оваа втора опсада ( првата се случила во 1529 година), под покровителство на големите везири од влијателната фамилија Ќопруловци, Отоманското Царство презело обемни логистички подготовки, вклучително и поправка и воспоставување на патишта и мостови кои водат кон Светото Римско Царство и неговите логистички центри, како и проследувањето на муниција, топови и други ресурси од цело царство до овие центри и на Балканот. Од 1679 година, чумата беснеела во Виена.

Главната османлиска војска конечно ја опсадила Виена на 14 јули 1683 година. Истиот ден, Кара Мустафа-паша го испратил до градот традиционалното барање за предавање.[26] Ернст Штархемберг, водач на преостанатите 15.000 војници и 8.700 доброволци со 370 топови, одбиле да се предадат. Само неколку дена претходно, тој добил вест за масовниот колеж во Перхтолдздорф,[27] град јужно од Виена, каде што граѓаните ги предале клучевите на градот откако им бил даден сличен избор. Опсадните операции започнале на 17 јули.

На 6 септември, Полјаците под водство на Јован III Собиески ја преминале реката Дунав 30 км северозападно од Виена кај Тулин обединувајќи се со царските трупи и дополнителните сили од Саксонија, Баварија, Баден, Франконија и Швабија. Луј XIV од Франција одбил да му помогне на својот ривал од Хабсбург. Сојузот помеѓу Собиески и Леополд I резултирал со додавање на полските хусари во веќе постоечката сојузничка армија. Командата на силите на европските сојузници му била доверена на полскиот крал, кој имал под негова команда 70.000–80.000 војници соочени со турската војска од 150.000.[28] Храброста и извонредната команда на Собиески веќе биле познати во Европа.

Во текот на почетокот на септември, искусните 5.000 отомански сапери постојано разнесувале големи делови од ѕидовите помеѓу бастионот Бург, бастионот Лебел и равелинот Бург, создавајќи празнини од околу 12 метри во ширина. Виенците се обидиле да се спротивстават на ова копајќи свои тунели за да го спречат таложењето на големи количини барут во пештерите. Османлиите на 8 септември конечно успеале да го окупираат равелинот Бург и нискиот ѕид во таа област. Предвидувајќи пробивање на градските ѕидини, преостанатите Виенци се подготвувале да се борат во внатрешноста на градот.

Исценирање на битката[уреди | уреди извор]

Турците пред ѕидините на Виена

Армијата за помош морала да дејствува брзо за да го спаси градот и така да спречи нова долга опсада. И покрај двонационалниот состав на армијата и краткиот простор од само шест дена, била воспоставена делотворна раководна структура, центрирана на кралот на Полска и неговата тешка коњаница (полски хусари). Светата лига ги решила прашањата за плаќање со користење на сите расположливи средства од владата, заеми од неколку богати банкари и благородници и големи суми пари од папата.[29] Исто така, Хабсбурзите и Полјаците се договориле полската влада да плати за сопствените трупи додека се уште се во Полска, но дека тие ќе бидат платени од царот откако ќе преминат на царска територија. Сепак, царот морал да го прифати барањето на Собиески за право на грабеж на непријателскиот логор во случај на победа.

Кара Мустафа бил помалку ефикасен во обезбедувањето на мотивацијата и лојалноста на неговите сили и во подготовката за очекуваниот напад на војската за помош. Тој му ја доверил одбраната на задниот дел на канот на Крим и неговата коњаничка сила, која броела околу 30-40.000. Постои сомнеж до каде Татарите учествувале во последната битка пред Виена. Османлиите не можеле да се потпрат на нивните влашки и молдавски сојузници. Ѓорѓи Дука, принцот од Молдавија, бил заробен, додека силите на Тербан Кантакузин се приклучиле на повлекувањето по коњичкиот напад на Собиески.[30]

Конфедеративните трупи го сигнализирале нивното пристигнување на Каленберг над Виена со огнови. Пред битката се служела миса за кралот на Полска и неговите благородници.

Битка[уреди | уреди извор]

Релјефот на Виена на 12 септември 1683 година

Околу 6:00 часот попладне полскиот крал и наредил на коњаницата да нападне во четири групи, три полски и една од Светото Римско Царство. Осумнаесет илјади коњаници се движеле по ридовите, најголема коњица во историјата.[30] Собиески[28] бил на чело на 3.000 полски тешки копјачи, познатите „Крилести Хусари“. Татарите-Липка кои се бореле на полска страна носеле гранче слама во своите шлемови за да се разликуваат од Татарите кои се бореле на османлиската страна. Собиески лесно ги прекинал линиите на Османлиите, кои биле исцрпени и деморализирани и набрзо почнале да бегаат од бојното поле. Коњаницата се упатила директно кон османлиските логори и штабот на Кара Мустафа, додека преостанатиот виенски гарнизон излегол од својата одбрана за да се приклучи во нападот.[28]

Османлиските трупи биле уморни и разочарани по неуспехот.[28] Коњаничкиот напад бил последниот смртоносен удар. Помалку од три часа по нападот на коњаницата, христијанските сили ја добиле битката и ја спасиле Виена. Првиот христијански офицер кој влегол во Виена бил маркгрофот Лудвиг од Баден, на чело на неговите „змејови“.[31]

Потоа, Собиески го парафразирал познатиот цитат на Јулиј Цезар (Veni, vidi, vici) велејќи „ Veni, vidi, Deus vicit “ – „Дојдов, видов, Бог победи“.

Заклучок[уреди | уреди извор]

На 11 септември 1697 година, битката кај Сента се водела јужно од градот кој бил под отоманско владеење. За време на битката, хабсбуршките царски сили ги разбиле османлиските сили додека Османлиите ја преминувале реката Тиса (која е во близина на градот). Ова резултирало да хабсбуршките сили убијат над 30.000 Османлии. Овој осакатувачки пораз бил крајниот фактор на потпишувањето на Договорот од Карловци од страна на Отоманското Царство на 22 јануари 1699 година, со што завршила т.н. Голема турска војна. Овој договор резултирал со пренос на поголемиот дел од Отоманска Унгарија на Хабсбурзите и ги поттикнало Османлиите да усвојат поодбранбена воена политика во следниот век.[32]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Peter Wilson. "Heart of Europe: A History of the Holy Roman Empire." Cambridge: 2016. Pages 460-461, Table 13.
  2. Clodfelter, M. (2008). "Warfare and Armed Conflicts: A Statistical Encyclopedia of Casualty and Other Figures, 1492–2015" (2017 ed.). McFarland. Page 59.
  3. Peter Wilson, "German Armies: War and Politics, 1648-1806", 1998, p. 92.
  4. Wilson 2016, p. 461.
  5. Treasure, Geoffrey, The making of modern Europe, 1648–1780, (Methuen & Co Ltd., 1985), 614.
  6. Sicker, Martin, The Islamic world in decline, (Praeger Publishers, 2001), 32.
  7. 7,0 7,1 7,2 Gavrilović, Slavko (2006), „Isaija Đaković“ (PDF), Zbornik Matice Srpske za Istoriju (српски), 74, Novi Sad: Matica Srpska, Department of Social Sciences, Proceedings i History, стр. 7, Архивирано од изворникот (PDF) на 16 September 2011, Посетено на 21 December 2011, U toku Velikog bečkog rata, naročito posle oslobođenja Budima 1686. srpski narod u Ugarskoj, Slavoniji, Bačkoj, Banatu, [...] priključivao se carskim trupama i kao "rašanska, racka" milicija učestvovao u borbama [...] u Lipi, Jenovi i Đuli...carska vojska i srpska milicija oslobodile su u proleće i leto 1688, [...] U toku Velikog bečkog rata, ... srpski narod.. od pada Beograda u ruke austrijske vojske 1688. i u Srbiji priključivao se carskim trupama i kao "rašanska, racka" milicija učestvovao u borbama [...] u toku 1689–1691. borbe su prenete na Banat. Srbe u njima predvodio je vojvoda Novak Petrović
  8. Janićijević, Jovan (1996), Kulturna riznica Srbije (српски), IDEA, стр. 70, ISBN 9788675470397, Велики или Бечки рат Аустрије против Турске, у којем су Срби, као добровољци, масовно учествовали на аустријској страни
  9. Iseni, Bashkim (2008). La question nationale en Europe du Sud-Est : genèse, émergence et développement de l'indentité nationale albanaise au Kosovo et en Macédoine. Bern: P. Lang. ISBN 978-3-03911-320-0. OCLC 269329200.
  10. Prifti, Peter R. (2005). Unfinished portrait of a country. Boulder: East European Monographs. ISBN 0-88033-558-0. OCLC 61822490.
  11. George Finlay, A History of Greece from its Conquest by the Romans to the Present Time, B.C. 146 to A.D. 1864, Vol. V: Greece under Othoman and Venetian Domination A.D. 1453 – 1821 (1877) pp. 205–206
  12. Finlay, p. 209
  13. Finlay, pp. 211–212
  14. Chasiotis (1975), p. 23
  15. Finlay, pp. 213–214
  16. Finlay, pp. 215–216
  17. Finlay, p. 216
  18. Finlay, p. 218
  19. Chasiotis (1975), p. 24
  20. Finlay, p. 220
  21. Finlay, p. 221
  22. Polish-Ottoman War, 1683–1699 and Habsburg-Ottoman War, 1683–1699 at History of Warfare, World History at KMLA
  23. Polish Renaissance Warfare: Part 8 – from 1672 to 1699
  24. Lindsey Hughes, Sophia, Regent of Russia: 1657 – 1704, (Yale University Press, 1990), 206.
  25. Brian Davies,Warfare, State and Society on the Black Sea Steppe, 1500–1700, (Routledge, 2007), 185.
  26. The original document was destroyed during World War II. For the German translation, see here Архивирано на 29 мај 2008 г.
  27. Palmer, Alan, The Decline and Fall of the Ottoman Empire, p.12, Published by Barnes & Noble Publishing, 1992. ISBN 1-56619-847-X
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 Tucker, S.C., 2010, A Global Chronology of Conflict, Vol. Two, Santa Barbara: ABC-CLIO, LLC, ISBN 9781851096671
  29. Stoye, John. The Siege of Vienna: The Last Great Trial between Cross & Crescent. 2011
  30. 30,0 30,1 Varvounis, M., 2012, Jan Sobieski, Xlibris, ISBN 978-1462880805
  31. The enemy at the gate, Andrew Wheatcroft
  32. Virginia Aksan, Ottoman Wars, 1700–1860: An Empire Besieged, (Pearson Education Limited, 2007), 28.

Извори[уреди | уреди извор]