Годишни времиња (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Годишни времиња“роман на македонската писателка Јулијана Величковска од 2014 година.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Податотека:Годишни времиња (книга).jpg
Корицата на „Годишни времиња“, 2014.

Книгата, со обем од 140 страници и со димензии од 18 сантиметри, е објавена во 2014 година од издавачката куќа ПНВ-Публикации. Изданието било помогнато од Министерството за култура на Македонија. На предната корица се наоѓа фотографија на Сергиу Чобан, додека во книгата се застапени илустрации кои се дело на авторката. Подготовката на текстот ја извршил Јован Димоски, а книгата била отпечатена во печатницата „Графо-ден“ од Скопје, во тираж од 500 примероци. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4641-28-5.[1]

Второто издание на романот е објавено во 2015 година, во тираж од 300 примероци. Во ова издание додаден е поговор од Блаже Миневски, а на задната корица испишани се цитати од рецензиите на Владимир Мартиновски, Славица Гаџова Свидерска и Душко Крстевски. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4641-37-7.

Романот е преведен и објавен на бугарски јазик во 2017 г. од страна на Издателство ЕРГО, Софија. Превод: Поли Муканова.

Содржина[уреди | уреди извор]

Се работи за современ фрагментарен роман, во кој вметнати се и стихови на авторката, делови од песните на познати рок-групи, како Пинк флојд, Нирвана итн. На крајот од книгата се наоѓа биографија на авторката.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јулијана Величковска, Годишни времиња. Скопје: ПНВ-Публикации, 2014.
  2. Јулијана Величковска, Годишни времиња. Скопје: ПНВ-Публикации, 2014.